Џеки е девојка која што преживеала групно силување на прославата на братството во Универзитетот во Вирџинија, а својата приказна ја раскажала за Ролин Стоун.Девојката која неказнето ја силувале седуммина членови на престижното братство во еден американски факултет во детали ги раскажала настаните во кобната ноќ.
На прославата како бруцош ја повикал еден студент од трета година, која го запознала додека заедно работеле на еден базен.
Откако ја одвел на вечера, ја повикал на прослават на престижното братство, поради што била возбудена. Се подготвувала три часа. Одбрала црвен фустан со висока крагна, и долг период ја чешлала својата коса.
Забавата почнала баш како што се надевала. До душа, не пиела пунч, кој и го понудил новиот дечко. Ја повикал да отидат горе каде е потивко. Таа не се посомневала во ништо, се качила со него и завршила во една мрачна соба. Штом влегле ја фатило страв. Ништо не видела, но го почувствувала мирисот на марихуана.
Се обидела да го повика, но наместо тоа, на неа се нафрлило тешко тело. Некој ја кутнал на стаклената маса, која се скршила од нејзината тежина.
Си помислила станува збор за шала, дека некој ќе запали светло и дека се ќе биде во ред. Но, тоа не се случило.
„Замолчи- некој извикал додека таа го чувствувала тешкото тело на себе. Некој и ја ставил раката на устата, која ја гризнала, по што добила силен удар. Сите почнале да се смеат. Зграпчи ја, фати ја за ногата“, некој извикал.
Џеки три часа била силувана од страна на седуммина лица, додека нејзиниот „дечко“ и уште едно лице им давала упатства што да прават. Кога било ред на последниот, таа го препознала. Тој бил нејзиниот колега од антропологија.
Изгледал дека ќе заплаче или ќе поврати додека им говорел на останатите дека не може да има ерекција.
„П****ца! Што е, не е доволно згодна за тебе? Сакаш да станеш член на братството? Сите моравме да го направиме тоа, па мораш и ти – почнале да го напаѓаат, по што некој му подал пивска боца.
Џеки го гледала својот колега со поглед на преколнување, но тој ја зарил пивската боца длабоко во неа, по што таа паднала во полусвесна состојба, в која нејзиниот дух го напушти крвавото тело под неа.
Кога станала свесна, била сама. Прославата се уште траела. Никој не реагирал кога боса, со помодрено лице и полно крв се довлечкала на приземјето.
Ги повикала пријателите кои веднаш пристигнале, и ја забележале како целата се тресе. Само една нејзина пријателка побарала да се повика полиција. Останатите сметале дека тоа е најлошото нешто што може да го направат.
Што доколку никој повеќе не ја повика на забава? Братството е силно, моќно и тоа би можело да биде крај на нејзиниот живот на факултет. Ја наговориле да молчи за тоа што се случило. Година дена подоцна, го пријавила случајот на деканот, но ништо не се случило затоа што тој е член на братството Fi Kapa Psi.Девојката која неказнето ја силувале седуммина членови на престижното братство во еден американски факултет во детали ги раскажала настаните во коб



