Дека човечката бруталност и суровост не познава граници, потврдува и случајот кој се случил во градот Јасеница, на крајит на северот на Словенија, каде Босанката Санда Алибабиќ заедно со својот љубовник, Мирза Јакупи, до смрт ја претепала 2-годишната ќерка Арина, оставајќи ја во шок целокупната словенечка јавност.Обвинителството и полицијата отвориле истрага за овој страшен случај, кој ги ужаснал жителите на Јасеница. Алибабиќ и Јакупи биле приведени набрзо по злосторството.
За настанот се дознало минатата сабота, кога Санда Алибабиќ повикала Итна помош во Јасеница, за да пријави дека девојчето паднало на парно и се повредило.Медицинските работници ја виделе ужасната слика од претепано дете, и безуспешно се обиделе да го одржат во живот. Од болницата во Јасеница со хеликоптер Арина итно била пренесена во Клиничкиот центар во Љубљана.
Таткото на Арина, Сенад Кардашевиќ, е во шок поради смртта на девојчето, а со Санда Алибабиќ има четири ќерки. Санда го оставила во декември минатата година и започнала врска со Мирза Јакупи. Двете постари ќерки останале со својот татко, а двете помлади ги земала Санда.
Истрагата ќе покаже под кои околности било извршено злосторството над 2-годишното дете.
Обвинителството и полицијата отвориле истрага за овој страшен случај, кој ги ужаснал жителите на Јасеница. Алибабиќ и Јакупи биле приведени набрзо