Машко бебе пронајдено е во торба во близина на новосадското поодилиште „Бетанија“. Се претпоставува дека мајката веднаш по породувањето го оставила бебето во торба и избегала.Бебето е згрижено во Децката болница, а се очекува одлука од обвинителството за квалификација на ова дело, како и пронаоѓање на несовесната мајка. Од породилницата велат дека една жена додека минувала случајно слушнала бебешки плач и така го пронашла.
„Бебето било во торбата, а на рацете на работникот од обезбедувањето го предала непозната жена. Работникот од обезбедувањето веднаш го предал на медицинската сестра, а потоа било повикано одделението од неонатологија која ја презела грижата за бебето. Детето е прегледано од страна на лекар и е згрижено“, велат од Бетанија, пишува Блиц.
Како што додаваат, за целиот случај известена е и полицијата и обвинителството. Центарот за социјална работа од Нови Сад, кој ја превзеаа грижата за бебето, по што истото, со соодветна придружба, е пренесено во Децката болница.Бебето е згрижено во Децката болница, а се очекува одлука од обвинителството за квалификација на ова дело, како и пронаоѓање на несовесната мајка.