Игор Митиќ (31), вработен во бензинската пумпа „DMB петрол“, вчера беше убиен од страна на 43-годишниот Данко М., по кратка расправија за пари.Според „Блиц“, тој бил пијан и истрелал еден куршумво градите на Игор од пиштол за кој не поседувал дозвола и избегал. Игор починал на пат кон болницата.
До кавгата дошло поради тоа што Данко сакал да стави бензин за 300 динари, а вработениот Игор му рекол дека минимален износ за кој може да стави гориво е 500 динари. Данко се изнервирал седнал во автомобилот и отишол да го земе пиштолот од дома.
Пред да излезе со пиштолот од дома, Данко на својот син му рекол дека ќе оди да се пресмета со вработениот на бензинска. Синот се обидел да го спречи, но не успеал во тоа, по што веднаш се упатил кон бензинската пумпа да го предупреди вработениот дека неговиот татко е бесен и дека носи пиштол со себе, велат очевидци кои за време на убиството седеле во кафулето кое се наоѓа спроти бензинската пумпа.
„Данко и Игор се расправаа кратко време, по што Данко го удри по глава, а Игор се обиде да се заштити. Данко неколку минути мавташе со пиштолот и потоа истрела еден куршум во несреќното момче додека стоеше зад пултот“, изјавија очевидците.
Убиениот Игор бил оженет, имал две деца од 8-годишно и 17-месечно бебе. Тој важел за примерен работник и мирен и семеен човек.Според „Блиц“, тој бил пијан и истрелал еден куршумво градите на Игор од пиштол за кој не поседувал дозвола и избегал. Игор починал на