Хорор: Пекар од Македонија ја убил сопругата со сукало и го снимил убиството

Пекар од Македонија e осуден на 16 години затвор, откако ја претепал сопругата со сукало до смрт и го снимил масакарот со мобилен телефон.Убиството, како што пишува Дневник, се случило во италијанскиот град Риети минатата година, а тамошниот суд, пред два дена одлучил 42 -годишниот Љазим Шабани да биде осуден за убиство на 37-годишната Шедине Мамедани.
Осудениот ја убил својата сопруга поради сомнежи дека го изневерувала. Според истрагата, Шабани ја удрил својата сопруга најмалку седум пати со сукало во главата,и успеал да и го скрши черепот и лицето до непрепознавање. Убиецот потоа ја одвлечкал жената во бањата и и ја измил крвта од главата. Тој и таму и ја удрил главата од кадата и потоа ја вратил во дневната соба каде ја пресоблекол во чиста облека. Потоа, пекарот му се јавил насвој роднина, кој ја известил полиција.

Ова убиство го привлече вниманието на италијанската јавност, бидејќи Шабани на мобилниот телефон го снимил последниот час од животот на својата сопруга, од која, додека ја удирал, се обидувал да изнуди признание дека го изневерува. Kога полицијата дошла да го уапси, Шабани викал дека сопругата му е проститутка и до крајот на постапката тврдел дека таа го изневерувала со негов колега од пекарницата.
Вештачењето на аудиоснимката од мобилниот телефон, покажало дека жената не признала за неверството, иако на снимките едвај се слушал нејзиниот глас, поради тепањето.Убиството, како што пишува Дневник, се случило во италијанскиот град Риети минатата година, а тамошниот суд, пред два дена одлучил 42 -годишниот Ља

Пронајдете не на следниве мрежи: