ХОРОР ПРИКАЗНА: На потешкиот начин дознале дека „ѕидовите имаат уши“

Оваа приказна со причина предизвика страв кај читателите од Америка.Имено, еден млад брачен пар реши да си ја проба среќата и да се пресели во една куќа со средна големина во Синсинати. Џејн и Роџер Марфи биле изненадени што куќата ја купиле по навистина ниска цена, не знаејќи дека зад тоа се крие морничава приказна.
Како што поминуваа месеците, тие дознале дека ќе добијат принова и беше крајно време да се срушат ѕидовите од горниот кат за да се направи простор за детската соба.
Се` ќе беше во ред, додека еден ден не ги дочека шок!
Во моментот кога почнале да го рушат ѕидот Роџер (29), забележал човечка рака која од никаде излегла од ѕидот.
Видно потресена, неговата сопруга Џејн Марфи (33) повикала полиција. Кога полициската служба пристигнала на местото на настанот имала што да види. Со понатамошно рушење на ѕидот, биле откриени уште три трупови меѓу кои се наоѓаше и еден на 12-годишно момче.
„Бев вон себе, мислев дека овие работи ги има само во филмовите“, панично рече Џејн.
Со понатамошна истрага, полицијата дозна дека поранешниот сопственик ги изврши овие грозоморни убиства поради најбизарна причина: му газеле на тревникот.
Полицијата го уапси ладнокрвниот убиец Николас Вејд (56), против кого ќе биде покренато обвинение.
Младиот брачен пар одлучи да се исели од проколнатата куќа и да си ја побара среќата на друго место…Имено, еден млад брачен пар реши да си ја проба среќата и да се пресели во една куќа со средна големина во Синсинати. Џејн и Роџер Марфи биле изнен

Пронајдете не на следниве мрежи: