Хорор приказна на преживеани: Мртвите тела на нашите пријатели ни помогнаа да преживееме!

Африканските емигранти кои ја преживеаа страшната несреќа со брод кај италијанскиот остров Лампедус, раскажуваат низ што се поминале за да преживеат. Италијанските спасувачки екипи се уште трагаат по мртви тела на дното од морето во близина на островот Лампедус.
Оние кои ја преживеаа оваа катастрофа раскажуваат низ што се поминале за да преживеат. 
Во бродот кој завршил на дното на Средоземното море имало околу 500 лица, сите од сиромашни африкански земји, кои сакале да побараат подобар живот на европскиот континент.
По избивањето на пожарот, бродот потонал, а досега е потврдена смрт на најмалку 190 несреќни патници.
Станува збор за веројатно најсмртоносната трагедија на имигранти во италијанската историја.
Преживеаните, 155 од нив, биле сместени во приватен центар во кој се заедно со уште преку 1.000 странци кои во Лампедус пристигнале со други бродови. Во идеални услови центарот не би смеел да прими повеќе од 250 луѓе.

Се држевме за труповите…Германи Нагаси, 30-годишен човек кој успеал да се спаси од потонатиот брод, за CNN раскажал дека никогаш нема да заборави што му се случило.
“Пет часа само лутавме, се држевме за телата на починатите само за да останеме на површината”, вели Германи. “Нема полошо од ова. Имаше многу деца, видов мајка со четири деца, мајка со новороденче, морето ги однесе сите. Душата ми е повредена, ова беше грозно”, додава тој.
Другите преживеани велат дека на бродот минале 13 дена и дека моторите им откажале само на километар од Лампедус, на половина пат меѓу Тунис и Сицилија. Некои од нив ја критикувале италијанската крајбрежна стража, тврдејќи дека прво само кружеле околу бродот, го снимала и мирно набљудувала како тоне, а луѓето умираат.

Само кружеа околу насОсумнаесет годишниот Хамид Мохамед се колнел дека Италијанците не сакале да им помогнат. “Италијанскиот брод само кружеше околу нас. Направи два круга и си замина. Тогаш луѓето почнаа да паничат”, вели тој.
Капетанот на потонатиот брод патниците ги советувал да ја запалат облеката за да привлечат внимание до другите бродови. “Се собра облека и ја запаливме, но резервоарот со гориво се запали”, раскажува Хамид.
Огнот се проширил, а добар дел од мигрантите побегнале на иста страна на бродот, кој се навалил и потоа потонал. “Луѓето врискаа додека тоневме”, вели Хамид.

Крајбрежната стража ги демантира приказните на преживеаните
Италијанската крајбрежна стража ги бранела своите постапки и во изјава за Си Ен Ен тврди дека нејзините бродови веднаш пристигнале на местото.

Извор. ТочкаИталијанските спасувачки екипи се уште трагаат по мртви тела на дното од морето во близина на островот Лампедус.
Оние кои ја преживеаа

Пронајдете не на следниве мрежи: