ХОРОР приказни за антибејби пилулите: Година дена лачев млеко

Дебата на Твитер ги поттикнала жените да го раскажат своето искуство со  контрацепциската пилула- најчесто таа е негативна, како и  огорчувањето на притисокот и понатаму да ги користат.Откако  во Велика БританијаХоли Брокер се изборила за правото за бесплатна стерилизација во склоп на кампањата за контрацепциски права на жените, тоа  прашање поттикнало голема ебата на Твитер. Под хаштагот #MyPillStory  стотици жени го изнеле своето искуство со хормонската контрацепција.
Новинарката Холи (30) четири години водела битка со британското министерство  за здравство со кое се борела за своето право на стерилизација уверувајќи ги докторите дека не сака  деца. Во својата објава на Твитер им кажала на своите противници:
Знаеш ли како  е тоа да се зема контрацепција?
Знаеш ли како е тоа да крвариш месец дена?
Дали некогаш си го минал утрото  доцнејќи на работа бидејќи повраќаш поради хормоните кои непотребно си ги ставил во своето тело?
Дали некогаш  си се јавил на доктор бидејќи имаш чудно чувство  во  ногата и се грижиш поради кобно згрутчување во крвта?
Во знак на поддршка, нејзиниот пример го следеле бројни жени со своите објави:
Откако престанав да земам антибејби пилули, на лицето ми се појавија ужасни акни и моите јајници  се прекрија со цисти.
Помеѓу останатите нуспојави, од пилулите доживеав бројни мини- удари кои  ми го уништија животот.
Откако престанав да земам хормонска контрацепција, моите дојки лачеа млеко уште година дена. Многу е болно, а никогаш не сум била бремена.
Со пилулите дојде и депресијата, намалено либидо, а и мојата ќерка
Пробав четири вида различни пилули. Никогаш повеќе.
Имам постојано точкесто крварење веќе два месеци. Грозни акни кои претходно не сум ги имала .
Целата работа со земање пилули е хорор. Едвај чекам  да престанам да ги земам.Откако  во Велика БританијаХоли Брокер се изборила за правото за бесплатна стерилизација во склоп на кампањата за контрацепциски права на жени

Пронајдете не на следниве мрежи: