ХОРОР: Тренер силувал малолетничка и ја заразил со ХИВ: „Неговата сопруга гледаше и ми велеше дека се е ОК“

Девојка која наводно била силувана од тренерот на нејзината фудбалска екипа сведочела пред Кралската комисија задолжена за злоставување на деца во Австралија каде тврдела дека нејзиниот тренер е заслужен што и бил дијагностициран ХИВ.Фудбалерка од Сиднеј, која на суд се појавила под псевдонимот БХА, кажала дека е повеќе пати силувана, на осум години од страна на својот тренер и тоа понекогаш кога неговата сопруга била во  собата и  говорела дека се е во ред.
Силувањата се случувале во 1996 година во јужен Сиднеј.
Жртвата тврди дека вирусот го добила од својот тренер, а сослушана е во склоп на увидот во проблематиката за сексуално злоупотребување на деца.
БХА кажала дека од силувањето немала момче и дека не била на трансфузија на крв.
„Мислам дека добив ХИВ од тренерот“.
Во март 2003 година пред да наполни 15 години, и бил дијагностициран ХИВ, а докторите и кажале дека веројатно го има веќе неколку години.
Таа денес има 27 години, а на суд замолила друга личност да го прочита нејзиниот исказ во кој опишала какви се ужаси доживеала. Во исказот споменала дека нејзината мајка имала проблеми со  алкохол  и  дрога па често и дозволувала да остане кај тренерот по тренинзите, но и за време на време на викендите и училишните празници.

 
„На почетокот тренерот и неговата сопруга беа многу пристојни. Почувствував дека се малку премногу блиски кон мене. Тренерот прв пат ме силуваше еден петок“, напишала несреќната девојка.
Таа истакнала дека тренерот ја злоупотребувал секој пат  кога таа ќе престојувала во неговата куќа. Неговата жена често била присутна во собата за време на чинот.
„Или  ќе лежеше во креветот или беше некаде во собата. Ми велеше дека се е ок и   дека се ќе биде во ред“.
Сопругата често ја водела БХА од гостинската соба во нивната спална каде останувала додека тренерот ја силувал.
Жртвата изјавила  дека не и кажала на својата мајка за нападите бидејќи мислела дека таа би ја обвинила за настаните и дека лаже.
Понекогаш плачела и го молела тренерот да се тргне од нејзе бидејќи е тежок и дека ја боли многу, но  тренерот ја игнорирал.
Обвинението за силување е поднесено откако БХА и кажала на пријателката дека била жртва на сексуално насилство, тренерот потоа бил обвинет, но  ослободен од обвинението. Полицијата соопштила дека БХА нема доволно докази за да го осуди тренерот.Фудбалерка од Сиднеј, која на суд се појавила под псевдонимот БХА, кажала дека е повеќе пати силувана, на осум години од страна на својот тренер и

Пронајдете не на следниве мрежи: