Четиринаесет обожаватели на Реал Мадрид, членови на фан-клуб во Ирак, се масакрирани од страна на терористите од Исламска држава, пренесе шпанскиот весник „АС“.Како што пренесуваат медиумите, нападот се случил во седиштето на клубот во Багдад, кога мажи вооружени со калашњикови упаднале во зградата во која имало околу 50 луѓе.
Се верува дека има најмалку 14 мртви и повеќе од 20 повредени.
– Група терористи од ИД дојдоа во кафулето, вооружени со АК-47, пукајќи кон сите што беа внатре. Тие не го сакаат фудбалот, мислат дека е анти-муслимански. Тие само извршуваат вакви напади. Ова е ужасна трагедија – изјави претседателот на клубот.
Како што пренесуваат медиумите, нападот се случил во седиштето на клубот во Багдад, кога мажи вооружени со калашњикови упаднале во зградата во која