ХОРОР ВО БОЛНИЦА: Додека лежев во болница ги слушав докторите како…

Швеѓанецот кој останал парализиран поради мозочен удар одлучил да ја тужи болницата во Гетеборг, откако слушнал како лекарите разговараат со неговата девојка дека тој ќе умре и дека најдобро би било неговиот џигер и бубрезите да ги трансплатираат кај друг пациент.- “Ги слушнав како и објаснуваат на мојата девојка и роднините дека нема надеж за мене. Не можев ништо да направам. Можев да гледам и да слушам, но не можев да мрдам”, изјавил Џими Фриц (43) за Telegraph.
Тој доживеал мозочен удар пред две години, додека вечерал со својата девојка на остров. На лекарите им бил потребен час и половина да го пренесат во болница, а до тогаш тој веќе бил парализиран.
– “Тие ги погледнаа снимките од мојот мозок и и' соопштија на мојата девојка дека нема да преживеам. Ја слушнав како плаче но не можев да ја утешам. Подоцна ги слушнав лекарите како ќе го тестираат мојот црн дроб и бубрезите и ќе ги дадат на некој друг”, се присеќава Џими.Не постоел начин на кој Швеѓанецот можел да им даде до знаење на лекарите дека е свесен. Се плашел дека ќе го прогласат за мртов.

“Мислев дека наскоро ќе ме кремираат и се прашував дали ќе можам да го осетам пламенот”, кажува …Да не се врател искусниот лекар од одмор три дена по мозочниот удар на Џими, тој најверојатно денес не би бил жив.”Најверојатно ќе бев заробен во креветот додека мојот организам не престане да работи, а потоа ќе ги распродаваа моите делови”.Џими Фриц за брзо време почнувал да се опоравува. По неколку дена веќе можел да комуницира климајќи со главата. По две години терапија тој денес збори и се движи, иако се уште е ограничен на инвалидска количка и не може да се одвои од асистентот кој му помага.
Минатиот месец ја тужел болницата со цел да спречи низ таков шок и агонија да поминуваат и други пациенти.- “Ги слушнав како и објаснуваат на мојата девојка и роднините дека нема надеж за мене. Не можев ништо да направам. Можев да гледам и да слушам, но

Пронајдете не на следниве мрежи: