ХОРОР ВО ПРИЈЕДОР: Водата во дворот му донела фрижидер со 9 бомби!

Во местото Средица испливала минофрлачка граната, а во Бишќаним над матната вода пловела пластична канта полна со бомби и муниција.После повлекувањето на водата на три места на подрачјето на Приједор, на светлина излегле бомби, мини и гранати…
Првата локација е на Сараевската улица, спрема населбата Љубија, каде во дворот на една куќа водата успеала да донесе фрижидер во кој имало девет бомби! Полицијата била веднаш известена, а местото веднаш било обележано.

Другата локација е во Средица кај Приједор, каде се појавила минофрлачка граната, а третатата во Бисќаним каде на водата во поплавениот објект пловела пластична канта полна со бомби и муниција.
Властите предупредуваат граѓаните да не се обидуваат да ги тргаат сами мините и бомбите, туку да повикаат стручњаци.После повлекувањето на водата на три места на подрачјето на Приједор, на светлина излегле бомби, мини и гранати…

Пронајдете не на следниве мрежи: