ХОРОР ВО СРБИЈА: Со нож ја заклал сопругата пред нивните деца

Билјана М. (30) вчеравечер околу 19 часот била убиена од својот сопруг, Синиша Р. (50) во Панчево, само три недели откако тие станале родители.Откако го сторил ова грозоморно дело Синиша бил приведен, а нивното бебе старо околу 20 дена веднаш било земено од страна на лица од Центарот за социјална работа. Хоророт се случил пред очите на 12-годишно девојче, ќерка од првиот брак на Билјана.
По една расправија во нивниот дом, Синиша, кој најверојатно бил во алкохолизирана состојба, посегнал по кујни нож и неколку пати ја прободел Билјана во вратот и градите.

На Фејсбук тие редовно објавувале заеднички фотографии на кои може да се види венчаниот прстен на Билјана, но повеќе од очигледна и е разликата во години на парот.
Како што наведуваат медиумите од соседството, Синиша веќе бил осудуван за насилни дела во минатото, му била изречена и казна – куќен притвор, а соседите на парот претпоставуаат дека како еден од мотивите за ова дело била неговата огромна љубомора.
 Откако го сторил ова грозоморно дело Синиша бил приведен, а нивното бебе старо околу 20 дена веднаш било земено од страна на лица од Центарот

Пронајдете не на следниве мрежи: