Вооружен маж отворил оган во црква во Тексас за време на неделната служба.едиумите јавуваат дека има бројни жртви. Последните информации се дека има 20 загинати и 30 повредени лица.
Нападот се случил во Баптистичката црква во Сатерленд Спрингс, во областа Вилсон. Според последните информации, напаѓачот влетал во црквата околу 11.30 часот по локално време и почнал да пука по верниците.
Полицијата потврдува дека бил застрелан напаѓачот. Во локалните болници се уште пристигнуваат повредените, па точна бројка на повредени и мртви нема.
Се појави и првото аматерско видео од трагичниот настан.
едиумите јавуваат дека има бројни жртви. Последните информации се дека има 20 загинати и 30 повредени лица.