Хорор во живо: Го доживеа кошмарот на секоја водителка

Постојат некои стравови што едноставно сите ги имаме: На пример, замислете си дека добивате напад на смеење среде јадењето! Или, замислете си дека добивате напад на кашлање на сред презентирањето на вести во живо, и тоа токму додека зборувате за тоа како се наближува сезоната на грипот.Токму тоа и се случи и на една презентерка од американската телевизиска куќа „Southern Cross Television“.
Џо Палмер, спикерка и новинарка со долгогодишно искуство, вчера во живо на телевизија доби напад на кашлање. Жената, со која денес сочувствува целиот свет, не можеше да се воздржи во кашлањето и се накашла секунди пред да почне прилогот за тоа како државата помага да се спречи грипот, чија сезона наскоро започнува.
Токму поради нејзиното кашлање пред приказната за грипот, снимката од ова издание на вестите се рашири по социјалните мрежи, со коментари за поддршка. Очигледно, во оваа силно непријатна ситуација, таа продолжува да зборува за да го најави следниот прилог. Никој не би и замерил ако го предаде микрофонот на некој друг, но таа сакаше да ја одработи задачата до крај.
На крајот, нејзиниот колега го презема микрофонот, велејќи дека Џо е испратена дома со сериозно воспаление на грлото. Водителката подоцна се обрати на сите преку социјалната мрежа Твитер, нагласувајќи дека сега е сосема добро и дека во прашање било само кашлање, и ништо посериозно.
Токму тоа и се случи и на една презентерка од американската телевизиска куќа „Southern Cross Television“.
Џо Палмер, спикерка и

Пронајдете не на следниве мрежи: