Полицијата од Гостивар поднесе кривична пријава против А.А. (40) од Албанија и против три непознати лица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.-Пријавениот и трите лица на 20-ти месецов околу 1 часот, со употреба на физичка сила влегле во куќа сопственост на Ш.Б. и А.Б., во момент кога оштетените спиеле. Пријавените од креветот го извлекле Ш.Б. и му ги врзеле рацете, а на А.Б. и ја затвориле устата со рака, и ги врзале рацете, заканувајќи им се на висок тон да не викаат, барајќи им пари, информираат од полицијата.
Едно од лицата одзело елек во кој имало 1300 денари и мобилен телефон на оштетениот Ш.Б., а на оштетената А.Б. и ги извадиле двете златни алки од рацете и една златна огрлица, по што пронашле и женска чанта во која имало паричник со по една банкнота од 50евра, 20евра, 50 швајцарски франци и две банкноти од 20 швајцарски франци.
Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.-Пријавениот и трите лица на 20-ти месецов околу 1 часот, со употреба на физичка сила влегле во куќа сопственост на Ш.Б. и А.Б., во момент ко