Хороскоп: Еве што ве чека во месец септември

Хороскоп: Еве што ве чека во месец септемвриОвен
Работата ќе ви оди од рака. Ако сте невработени на почетокот на месецот ќе добиете работа. Но на средината на месецот се можни кавги со претпоставените. На сила ќе сакате да докажете дека вистински постапувате. На почетокот на месецот ќе се занимавате со љубовните проблеми кои останале нерешени. Несигурноста со финансиите ќе трае до средината на месецот. Со партнерот од средината на љубовта ќе бидете поотворени и ќе го добиете доказот кој ви е потребен.
Бик
Ќе ви пристигнат неплатените сметки а и треба да ги избегнувате разговорите со претпоставените. Бидете внимателни. Тактично и без многу драма, обидете се да ги прифатите промените кои се неминовни. Ќе има кавги и финансиски проблеми. Во текот на овој месец на љубовен план ќе се обидете да ги задоволите потребите за безбедност и ќе сакате да ја добиете наклонетоста на другите луѓе. Саканата личност ќе има големи очекувања а вие воопшто нема да се трудите.
Близнаци
Целосно сте фокусирани на работата и напредокот. Новите планови ќе започнат да се реализираат, но немате поддршка од оние што очекувавте. Оставете ги озборувањата зад себе. Финансиски ова е многу поволен месец за вас. Очекувајте зголемување на платата или играјте игри на среќа. Ако сте слободни овој месец само излегувајте. Ќе успеете да шармирате некоја личност со која може да започнете врска. Оние кои се во врска ќе имаат проблеми со комуникацијата.

 
Рак
Се почести кавги со соработниците и претпоставените. Поголеми трошоци многу нерационално трошење. На средината на месецот може да бидете жртва на интрига, па внимавајте вашите намери да не бидат погрешно протолкувани. На крајот на месецот финансиската тензија ќе заврши. Партнерот покажува малку разбирање за вашоте деловни проблеми и дилеми. Доколку сте во долга врска или брак на средината на месецот ќе има договор.
Лав
Сакате да бидете независни. Раззмислувате за ново работно место, меѓутоа нема да има некој резултат. Иако е сосема спротивно од вашите планови сепак бидете флексибилни. Бидете опкружени со млади луѓе кои ќе ве наполнат со позитивна енергија. Слободните ќе комуницираат со интелигентна личност која ќе ги воодушеви. Емотивно сте стабилни и отворени за нови врски. Конечно ќе го оставите минатото таму каде што припаѓа.
Девица
Преморени сте и чувствувате недостиг на енергија. Претходните месеци многу работевте. Но сега полека. На крајот на месецот ќе чувствувате олеснување. Но и со парите не ви оди најдобро.  На средината на неделата правете долгорочни и трајни планови. Важно е да ја разбирате ситуацијата во која се наоѓате. Доколку сте во долга врска или брак овој месец ќе имате важни разговори. Намалета ја нервозата и одморете се.

 
Вага
Поставувате високи цели за себе но и за другите. Многу барате и очекувате сите да ги исполнат вашите очекувања. Но овој месец најдобро ќе функционирате сами за себе другите само ќе ви пречат. Можна е понуда за работа во странство. Ви се зголемува потребата за сигурност и внимание. Емотивно сте вознемирени, раздразливи па и недоверливи…Убаво размислете што правите.
Скорпија
Многу Скорпии ќе направат мало „предавство“ на работното место. Ве иритира неправдата и имате чувство дека назадувате. Време е за одмор. Претходните девет месеци се наоѓавте во фаза на стагнација. Од време на време ќе заборавите на „убавото однесува“ и ќе збеснете. Во втората половина на септември финансиската ситуација ќе се подобри. Во текот на овој месец ќе имате фатални средби. Во втората половина ќе имате потреба за врска.
Стрелец
Полни сте со планови, меѓутоа немате поддршка од луѓето со кои соработувате. Размислувате за промена на работното место. Кон средината на месецот ќе дознаете дека некој колега ве озборувал а тоа ќе ве разлути. Кон крајот на месецот ќе добиете добра деловна понуда. Неразбирањето со партнерот ќе ве доведе до лудило. Губите трпение и сакате само се да заврши.

 
Јарец
На почетокот на месецот ќе почуватвувате дека мора нешто да решите. Што и да правите сте непродуктивни. Но бидете трпеливи тоа ќе помине. Подобро организирајте го своето време. Прилагодете се кон општеството. Можно е патување. Се разочаравте од саканата личност и се чувствувате осамено. Сакате да бидете сакани. Но кон средината на месецот ќе се врати некој од вашето минато…
Водолија
На почетокот на месецот се можни големи промени и проблеми на работното место. Тензијата ќе се зголемува секој ден поради роковите. Кавги ан сите страни. Бидете трпеливи на средината не месецот цела ситуација ќе се среди. Дружете се со млади колеги а тоа ќе ви донесе успех. Партнерот до 12-ти септември ќе биде нервозен, па ќе размисувате за прекин на врската. Но од 16- ти септември се ќе се промени вие ќе бидете посакувани и насмевката нема да ја симнувате од лице.
Риби
Пртходниот период имавте многу стрес. Доколку сте невработени во септември конечно ќе најдете работа. Што и да ви се понуди прифатете затоа што ќе имате можност да напредувате. Финансиската ситуација е напната. Се одалечивте од партнерот и чувствувате непремостлива разлика.  Сепак партнерот ќе стане непредвидливи а вие мислевте дека може да ги предвидите неговите реакции. Овен
Работата ќе ви оди од рака. Ако сте невработени на почетокот на месецот ќе добиете работа. Но на средината на месецот

Пронајдете не на следниве мрежи: