Хороскоп за 22.01.2015

Хороскоп за 22.01.2015Овен
Не тагувајте, оваа разделба е привремена. Можни се големи промени во домот. Имате толку многу планови и идеи што треба да се преземат некои дејствија за да ве вратат назад на Земјата. Учество во продажби можат да ви донесат заработка.
Бик
Веројатно заедно со партнерот правите големи планови за иднината, но не разбирајќи ја сосема  взаемната врска и можното развивање на односите. Може да се однесувате грубо, отсечно кон блиски луѓе поради одредени недоразбирања.
Близнаци
По природа, способни сте длабоко да сакате, но исто така и да мразите. Многумина ќе почувствуваат потреба од  поддршка на блиски луѓе. Лесно наоѓате пријатели, оние кои умеат да му се радуваат на животот, уживате да бидете постојано  опкружени со луѓе.

 
Рак
Во љубовните односи се оди кон подобро. Денес сте строги, но праведни кон децата и тежнеете да ги воспитате како самостојни личности. Не одбивајте доколку ви предложат патување, екскурзија или ве поканат на гости. Добро ќе ви дојде промената на околината.
Лав
Денес треба  да ги опсипете со љубов и нежност луѓето околу вас, да ги вратите старите долгови и да го средите домот. Одвојте малку време за блиските. Важно е да научите да се радувате на тоа што животот секојдневно ви го пружа.
Девица
Вашата душевна чистота и скромност нема да дозволат вашиот избраник да се однесува лекомислено кон вас. Наскоро може да се уверите во поговорката „што ќе посееш, тоа ќе жнееш“. Доколку финансиската состојба ви го овозможува  тоа, одвојте  дел од парите за добротворни цели.

 
Вага
Во личниот живот на многу Ваги може да се појави дилема и тежок избор. Помогнете им на своите пријатели  во решавањето на тешки проблеми и тоа сосема сигурно со добро ќе ви се врати. Новите впечатоци ќе ви помогнат да се оттргнете од заморот и ќе ви го вратат оптимизмот.
Скорпија
Мажите- Скорпии се исклучително активни, стремејќи се кон нови сознанија, а жените- романтични и неверојатно привлечни. Многу скорпии нема да можат да го избегнат лошото расположение или епизодите на депресија. Обидете се да бидете во кругот на најблиските и така да го подобрите расположението.
Стрелец
Љубовта е голема сила! Вљубениот Стрелец го губи и умот и мислите и лесно може да го завртите околу малиот прст. Приврзани сте со семејството. Неопходен ви е одмор и кон крајот на месецот може да заминете на патување, можно е и во странство.

 
Јарец
Во вас се јавува желба да направите нешто невообичаено и интригантно. На пример, да прекинете кратка врска, а пота да се претставите пред избраникот  уште поубави, попаметни и помили. Можно е да обновите старо пријателство и да започнете нови. Се зависи од интензитетот на комуникацијата.
Водолија
Оригиналноста и чувството за хумор ве прават  посакувани и привлечни. Семејните Водолии се одликуваат со оптимизам, нежност и чесност. Креативниот импулс може темелно да ви го промени животот. Не треба да ги одбивате молбите за помош.
Риби
Доколку не сте во брак, може да започнете врска, која ќе заврши со брак. Односите стануваат поромантични и страсни. Сега е време за одмор и нежности со саканата личност. Подготвени сте да патувате и да остварите нови познанства, кои може да бидат полезни за вас. Овен
Не тагувајте, оваа разделба е привремена. Можни се големи промени во домот. Имате толку многу планови и идеи што треб

Пронајдете не на следниве мрежи: