Хороскоп за декември: Несогласувања за Овенот, многу дружења за Лавовите…Овен
Во втората недела од декември, Марс влегува во Вага, што значи влегувате во предизвикувачки период. Марс може да ви донесе разни конфронтации и несогласувања, особено на деловен план. Ќе бидете подготвени да жртвувате многу, поради личните амбиции. На љубовен план треба да ги споите убавото и корисното. Декември е идеален месец да одите на патување.
Бик
Во првиот дел од месецот Венера ќе ве тера на патувања и секој вид усовршување. Младите Бикови треба да ја искористат приликата за студии, затоа што ќе бидат успешни на тој план. Декември е поволен за спонзорства и наследство. Можете лесно да го решите проблемот со некои големи пари. Во работата ве очекува динамичност и потреба да се докажувате. Токму на работното место можно е да ви се случи некоја романса со припадник на знакот Вага.
Близнаци
Влегувањето на Меркур во седмото поле ви носи подобра позиција во јавноста. Излегувате од кризниот период и имате големо влијание на личностите кои ги сретнувате. Многу припадници на вашиот знак ќе бидат посветени кон партнерот. Со Вага, Лав и Стрелец можете да остварите добри преговори на работен план.
Рак
Овој месец ќе имате успех во деловните преговори. Тоа подразбира дека реализацијата на вашите планови ќе оди подобро од што сте очекувале. Тоа може да ви донесе поголема заработка. На многумина ќе им делувате шармантно и предизвикувачки, а може да ве привлече и еден резервиран Јарец. Внимателно во односите во круг на семејството, можни се расправии со некој член.
Лав
Декември ќе ви биде повеќе од забавен. Ќе имате многу прилики за забава и излегување. Марс во третото поле укажува дека ќе бидете многу директни во комуникација со личностите кои ви се блиски. Венера укажува на добри деловни преговорои, а Меркур ви донесува подобрување на финансиската состојба.
Девица
Меркур во четвртото поле ве прави посветени во семејните и стамбените обврски. Можно е во овој месец да донесете некоја одлука која тешко ви паѓа. Во првиот дел од месецот можете да очекувате ненадејна деловна понуда од некој огнен знак. Декември ќе ви донесе заработка на големи пари.
Вага
Декември за вас ќе биде период во кој ќе имате многу грижи и одговорности околу она што ќе го правите. Тоа најпрво се однесува на односите со блиските, а потоа и на стамбеното прашање. Ако сте мислеле да реновирате дома, сега е добар момент за тоа. Многу Ваги ќе почнат сопствен бизнис, и тоа ќе оди бавно, но сигурно. Марс во вториот дел од месецот ќе ве поттикне на акција, така што нема да можете да седите мирни.
Скорпија
Нагласеното второ поле треба да го искористите за дополнителна заработка. Ќе добиете позитивни животни лекции кои ви биле неопходни. Во овој месец имате двојно поголеми исходи за секои преговори. Последната недела од декември е поволна да отидете на патување.
Стрелец
Конечно ќе излезете од периодот во кој имавте доста емотивни воздигнувања и падови. Ќе почувствувате наплив на позитивна енергија и враќање на самодовербата. Месец декември ќе ви донесе добар исход во сите преговори. Зимскиот период може да ви донесе почеток на нова емотивна врска, а многу мажи ќе сакаат подобро да ве запознаат.
Јарец
Ќе имате разни деловни дилеми и недоумици, бидејќи многу ќе се сомневате во сопствените способности. Дури крајот на декември ќе ви донесе разрешување на ситуацијата на деловен план, па подобро до тогаш да не донесувате важни одлуки.
Водолија
Во текот на декември ќе имате искрена пријателска поддршка. Иако во овој месец ќе ја мешате љубовта со пријателството, можете слободно да се потпрете на пријателските совети. Уран постојано ве става во непредвидливи ситуации поради кои грешите, бидејќи сте доста импулсивни. Од една Вага можете да очекувате добра деловна понуда.
Риби
На деловен план ве очекува динамичен период. Првите денови од месецот ќе ви биде исклучително тешко да извршите било какви обврски. Интересно е тоа што на работа ќе ви се случуваат многу значајни работи, па дури и љубов. Не е исклучено дека ќе почнете врска со некој што ќе го запознаете преку работата.Овен
Во втората недела од декември, Марс влегува во Вага, што значи влегувате во предизвикувачки период. Марс може да ви д