Хороскоп за месец март

Ѕвездите за овој месец предвидуваат за некого финансиски добивки, за некого турбуленции, еве што велат за вас.. Овен
Ве очекува просперитет на полето на кариера и финансиите. Одличен период за анализирање на достигнувањата, но и грешките на работното место и време да се направи корекција на досегашните методи и да се постават нови цели. Можни се и дополнителни финансиски приходи. Оние кои се во врска можно е да имаат ситни недоразбирања со партнерот, а слободните овој месец љубовта ќе ја стават во втор план на сметка на добра забава и дружење. По 21 март здравјето е одлично, а по 24 март ќе биде уште поенергични.
Бик
Поволни финансиски добивки и напредување во кариерата. Можете да очекувате поддршка од некој од повисока позиција како и унапредување и поголема финансиска добивка. Доколку сте во брак или врска, љубовниот живот е хармоничен до 20 март, по шт доаѓа до извесни турболенции. Слободните ќе бидат во центар на вниманието каде и да се појават, а март ќе биде месец на интересни забави и познанства. Подарете си овој месец една посета на спа центар или запишете се на фитнес.
Близнаци
Ве очекува финансиски просперитет. Приходите може да бидат значително подобрени во првата половина на месецот, но и расходите во втората. Ова не е поволен месец за барање нова работа. Односите со партнерот е бидат проблематични до 21 март. Доверба, толеранција и искреност се клучни во овој период. Ќе го зголемите и кругот на пријатели, а доколку не сте во врска новата љубов можно е да ја најдете токму во кругот на пријателите или на некои култни настани. Редовна физичка активност е пожелна.
Рак
Полето на кариера и финансиите се во преден план. Напредувањето на полето на кариерата можете да го очекувате по 21 март. Ова е поволен период за усовршување на некои вештини кои ќе ви користат во идните работни обврски. Можно е патување во странство. Доколку сте во врска хармонија владее се до 20 март, по што се можни несогласувања. Доколку сте сами ќе бидете преокупирани со кариерата и нема многу време да посветувате на љубовни прашања. Здравјето е одлично до 21 март, по што се советува да водите грижа за имунитетот.
Лав
Финансиите и љубовта во преден план. Фокусот паѓа на полето на кариера. Ве очекува подобрување на општествениот статус и финансиите, а притоа да вложувате минимален труд. Плановите и проектите на кои трпеливо работевте сега ќе се исплатата. Дополнителни парични приходи искористете ги за решавање на заостанатите сметки. Поволен месец и на полето на љубовта како за оние во врска така и за оние кои се сами. Пожелно е да направите детоксикација на организмот.
Девица
Бериќетен месец на полето на љубовта и финансиите. Ќе имате можност за напредување на полето на кариерата и финансиите. По 21 март ве очекува подобрување на финансиската ситуација, а можен и неочекувана добивка во втората половина на месецот. Одличен месец за решавање на недоразбирањата кои сте ги имале со партнерот и конечно уживање во убавината на љубовта. Слободните ќе пленат со шарм каде и да се појават. Се препорачува здрава исхрана и физичка активност.
Вага
Ве очекува прилично турбулентен месец. Март е идеален месец за да му се посветите на емотивниот живот. На работа е се соочите со бројни предизвици и тешкотии поради тоа што ќе ви бидат доделени дополнителни одговорности. Финансиската ситуација е деликатна до 21 март, по што доаѓа до значително подобрување. Ѕвездите ви порачуваат да ги намалите трошоците. На полето на љубовта компромисот игра најголема улога и доколку бидете во можност да дојдете до компромисно решение со партнерот, нема да има поголеми турбуленции. Доколку се уште не сте ја пронашле вашата втора половина, сега ќе имате прилика за тоа. Овој месец се препорачува да си дозволите доволна количина на одмор.
Шкорпија
Кариерата ќе биде подложна на промени, а ве очекува и финансиски просперитет. Успехот ќе биде диктиран од страна на ситуации врз кои ќе имате контрола. Можни се промени на полето на кариера во вид на стекнување на нови искуства. Ќе имате бројни работни понуди што ќе ви донесе можност за дополнителна заработувачка. Љубовта овој месец најмногу ќе ви го окупира вниманието. Забата и уживањето ќе бидат најинтересни за вас. Доколку не сте во врска, извесни се бројни романтични прилики. Старите љубови може да се обидат да се вратат. Здравјето ви е одлично.
Стрелец
Финансиите ги диктираат членовите на семејството. Настаните на полето на љубовта во овој месец доминираат во однос на кариерата. По 21 март, нивото на енергија значително расте. Ќе бидете расположени за разни активности предводени од лично задоволство. Можете да очекувате финансиски просперитет, кој може да биде заснован на потфати поврзани со семејството, но и зголемени трошоци. Оние кои се сами благодарени на шармот ќе привлекуваат романтични партнери. Доколку сте во врска можете да очекувате кратко патување со партнерот по 21 март. Редовно спортување носи повеќе енергија за други активности.
Јарец
Бериќетен месец на сите аспекти. Доколку ја следите интуицијата ќе постигнете се што ќе посакате. Настаните на полето на кариера ќе се одвиваат со забрзано темпо и ќе бидете задоволни со напредувањето кое сте го постигнале за краток период. Планетарните аспекти укажуваат на финансиски успех без многу напори. Бидете интовативни. Овој месец ќе зрачите со шарм и привлечност. Доколку сте во емотивна врска ви претстои уживање со партнерот на некое идилично место. Доколку вашата втора половина с еуште не сте ја пронашле, за тоа ќе имате можност овој месец и тоа во непосредно опкружување. Здравјето може да биде сочувано со доволна количина на одмор, но и физичка активност.
Водолија
Кариерата и работата во преден план. Следете ја интуицијата и другите ќе ви се прилагодуваат на вас. Доколку студирате, аспектите на Јупитер и Уран ќе ви донесат просперитет. Успехот е гарантиран и за оние кои се занимаваат со маркетинг или новинарство. Со правилен распоред на парите нема да имате поголеми финансиски проблеми. Очекувајте финансиски приливи од повеќе различни извори, како некакво наследство или промоции. Извесни се нови партнерства. Овој месец ќе ви бидат потребни повеќе страст и романса во љубовта. Комуникацијата и компромисот се клучни. По 21 март може да влезете во романтични односи полни со динамичност и ентузијазам. Здравјето е одлично.
Риби
Период на уживање во успехот. Овој месец ќе го посветите на професионални цели, дополнителни курсеви и хуманитарни активности. Личните интереси ќе бидат поважни од интересите на другите. Март е месец на акција и достигнување на сите цели. Аспекти на Марс и Јупитер носат успех на полето на кариерата. Доколку сте во потрага по нова работа, нешто поповолен период ќе биде по 20 март. Можни се и неочекувани парични приливи. Ова е период на лесно стекнување на богатство. Доколку не сте во врска ќе имате неколку прилики за почеток на нова романса, а оние кои се зафатени овој месец ќе уживаат во вниманието и подароците од партнерот. Се советува редовно вежбање и детоксикација на организмот.Овен
Ве очекува просперитет на полето на кариера и финансиите. Одличен период за анализирање на достигнувањата, но и грешк

Пронајдете не на следниве мрежи: