ХОРОСКОПОТ И НЕГАТИВНАТА ЕНЕРГИЈА: Лавовите страдаат од срцето, а Водолиите…

Со симболичниот јазик на знаците и планетите, можно е да се опише животот и сето она што следи со него. Бројот 12 е важен во астрологијата. Баш како и бројот на месеците во годината, така и кругот на Зодијакот има дванаесет знаци, а секој има посебна симболика.За разлика од останатите дисциплини, астромедицината бара стручно познавање на медицината и астрологијата. Бара голема одговорност, бидејќи астрологијта информира и подучува, но не може да лекува. Добро едуциран астролог може да ги одреди чувствителните делови од телото и да ја почувствува поврзаноста помеѓу психичката и емотивната енергија со здравјето.
Во продолжение прочитајте кои заболувања можат да го погодат вашиот хороскопски знак.
Огнени знаци
Припадниците на огнените знаци се главно со добро здравје и имаат витална енергија. Кога енергијата ќе им се наруши поради претерана стимулација, ќе ги обземе нетрпение или лутина. Ако не ја исфрлат таа напнатост од себе може да дојде до воспаленија, појава на чир или проблеми со срцето. Оганот во телото има улога на внатрешно согорување, го прочистува системот со отстранување на отровите, вирусите и бактериите. Токму затоа, припадниците на огнените знаци со леснотија се борат против болестите и брзо се регенерираат.
Овен
Телото на нарушената рамнотежа ќе реагира со главоболка, мигрена и разни воспалителни процеси како што се забоболка, воспаление на увото, проблеми со синусите или појава на акни. Можна е појава на пречки во видот или повреда на главата.
За доброто здравје допринесуваат натпреварувачки спортови, бидејќи со нив Овните се ослободуваат од напнатоста. Се препорачува и пливање, како и заминување во сауна и на масажа.
Лав
Нарушената рамнотежа се отсликува во болките во грбот, лошата циркулација, анемијата или летаргијата.
Срцето е најчувствителен орган кај Лавовите и затоа треба да се чува со умерени спортски активности, без екстремни напрегања, што допринесува и до разгибаност на рбетот.
Стрелец
Стрелците имаат цврсто здравје. Но, често ги мачи ишијас, а можат да се појават и проблеми со колковите.
Склоноста кон претераното уживање во храната може да ја наруши работата на црниот дроб, па потребна е повремена детоксикација. Стрелците се склони кон дебелеење, па не смеат да ја занемарат физичката активност.

Водени знаци
Припадниците на водените знаци се сензибилни, па лесно ја впиваат негативната енергија од околината. Здравјето им е добро, но променливо, баш како и нивните чувства. Водата во телото управува со телесните течности, како што се крвта и лимфата, жлездите со внатрешно лачење и репродуктивниот систем. Чувствителни се на бактерии, вируси и габички. Здравјето би требало да го одржуваат со физичка активност, умерен внес на вода, внимателно одбрана исхрана и забрзување на метаболизмот.
Рак
Нерамнотежата се огледува во проблемите со желудникот, па дури и појава на чир. Сето ова го предизвикуваат негативните чувства коишто Раковите ги задржуваат во себе. Најдобро е здравјето да се одржува со вежбање и креативни активности, со чија помош полесно ќе се контролираат чувствата.
Скорпија
Рамнотежата кај Скорпиите може да се наруши со претераната потреба за контрола, што предизвикува проблеми со репродуктивните органи, нередовни или болни менструални циклуси и воспаленија на бешиката.
Со редовна детоксикација на физичко, но и простување на емотивно ниво, Скорпиите ќе успеат да одржат рамнотежа.
Риби
Секое длабоко емотивно разочарување ќе им го ослабне имунитетот, па понекогаш е тешко да се открие вистинскиот причинител за болеста. Многу се чувствителни на високи и ниски температури, на лекови и алкохол.
Најдобро е да ја одржуваат рамнотежата со здрава исхрана која не содржи вештачки додатоци. Им годи масажа на стапалата кои мораат посебно да ги негуваат.

Земјени знаци
Бик
Биковите на нерамнотежата реагираат со воспаленија и промолкнатост, бидејќи имаат чувствително грло. Неретко се борат со одржување на тежината и опстипација. Со оглед на тоа дека се инертни, мораат да се присилуваат на физички активности. Рамнотежата најдобро ќе ја одржуваат со креативна работа и престој во природа.
Девица
Грижите, анксиозноста или нервозата предизвикуваат реакција во дигестивниот систем кај Девиците. Поради тоа, можна е појава на болки и грчеви во стомакот, појава на чир, опстипација и сериозни цревни болести.
Девиците се грижат за здравјето, што во екстремни случаи преминува во хипохондрија. Внимателно избраната исхрана и уредниот начин на живот се најважни за нивното здравје.
Јарец
Ако припадниците на овој знак претераат во своите груби ставови, телото ќе одговори со болки во зглобовите, коските или проблеми со забите. Освен тоа, кожата кај Јарците е чувствителна, склона кон осип, алергии и сувост. Претераната загриженост може да доведе до депресија.
Препорачливо е вежбање и пешачење за одржување на подвижноста на зглобовите, пришто мускулите ќе станат посилни и ќе се зацврснат коските.

Воздушни знаци
Нивната сила лежи во подвижноста, но животната енергија не им е силна ниту постојана, туку варира без престан. Воздухот во телото управува со дишењето, генерално со движењето и перисталтикот. На припадниците на воздушните знаци им е потребен одмор, сон и мир за да им се регенерира чувствителниот нервен систем.
Близнаци
Белите дробови и дишните патишта се чувствителни кај нив, па припадниците главно имаат проблеми со бронхитис, воспаление на белите дробови, кашлање, настинки, па дури и астма. Бидејќи постојано се во потрага по нови знаења, лесно се нервираат. Чувствителни се на стрес и страдаат од несоница.
Рамнотежата се постигнува со правилно дишење. Престојот во природа ќе им осигура големо количества на свеж кислород.
Вага
Нерамнотежата помеѓу давањето и примањето се огледува во неправилната работа на системот за лачење и болки во долниот дел од грбот. Невозвратената љубов може да поттикне и дебелеење.
На припадниците на овој знак им се препорачува детоксикација, масажа, козметичка нега на телото и лесна физичка активност со која ќе ја одржуваат елеганцијата на движењето.
Водолија
Нерамнотежата на енергијата се искажува во проширените вени. Активниот ум на Водолиите работи прекувремено и создава напнатост која при екстремна нерамнотежа може да прерасне во невролошки или психички болести.
На Водолиите им се препорачуваат прошетки со кои ќе ја одржуваат циркулацијата и многу одмор, но и релаксација.За разлика од останатите дисциплини, астромедицината бара стручно познавање на медицината и астрологијата. Бара голема одговорност, бидејќи астроло

Пронајдете не на следниве мрежи: