ХОРОСКОПОТ ОТКРИВА: Каков криминалец се крие во вас?

Ако не сте знаеле досега, оваа анализа ќе ви помогне да откриете  каков криминалец се крие во вас според хороскопскиот знак. Според овие податоци добиени од анализата спроведена над статистиката на ФБИ најмногу криминалци има помеѓу раковите, а чекор зад нив се биковите. Прочитајте и дознајте како вашиот хороскопски знак е рангиран во овој своевиден крими-хороскоп.
Овенот е највооружен
Според статистиката на ФБИ, припадниците на овој огнен знак поседуваат најмногу оружје. Ако се занимаваат со криминални дејствија, најверојатно тие тоа го прават по договор, односно некој друг ги спонзорира, без оглед на тоа дали се лихвари, уценувачи или платени убијци.
Бикот работи за пари
Бикот е вториот знак со најголема криминалистичка склоност. Најчесто тие се вплеткани во работи кои носат многу пари, без оглед на тоа дали станува збор за перење на пари или кражба на луксузни предмети.
Тие најчесто работат сами, се со цел да го намалат ризикот да бидат уапсени, а со своите “успеси” тие не се фалат пред никого. Доколку бидат фатени на дело, биковите се каат, со надеж дека ќе добијат милост поради оправдувањето “едноставно не можев да одолеам”.
Близнаците се измамници
Припадниците на овој знак најчесто се ѓаволести во секојдневниот живот, но според статистиката на ФБИ, тие се на самото дно според бројот на уапсени. Доколку се занимаваат со криминал, најчесто станува збор за најразлични “комбинации” и измами.
Близнаците не се тип на криминалци кои се шетаат наоколу и со оружје им се закануваат на луѓето, туку нивното оружје се лажните ветувања. Кога ќе бидат фатени, тие со сите сили се обидуваат да се спасат, па дури и доколку тоа подразбира издавање на името на соучесникот или било што друго што би можело да ги спаси. Не треба да биде изненадување ако и притоа лажат!

Раковите, убедливо најчести криминалци
Според статистиката на ФБИ, најмногу криминалци се претставници токму на овој хороскопски знак. Раковите се склони кон насилство во моментите на целосна психичка растревоженост, а најчесто станува збор за убиство од страст или одмазда и киднапирање.
Ако се има во предвид фактот дека раковите важат за луѓе кои што тешко можат да го контролираат својот темперамент, не треба да чуди ако тие се првите кои би го убиле шефот поради отказ. Откако ќе бидат фатени, делуваат изгубено, но сметаат дека нивните жртви си заслужиле.
Лавовите се најмалку склони кон криминал
Помеѓу припадниците на огнените знаци, лавовите се најмалку склони кон криминал. Доколку одлучат да се вклучат во такво нешто, тоа е совршено однапред смислено. Токму поради тоа, лавовите како криминалци се многу опасни и ладнокрвни.
Исто така, интересно е тоа што статистиката на ФБИ покажува дека лавовите не се впуштаат во ситни прекршоци, како на пример мали кражби. Напротив, доколку ја ризикуваат својата слобода, тие тоа го прават поради голема корист или слава.
Девиците најчесто се фаќаат на дело
По овенот, овој хороскопски знак има најголем број на претставници кои што носат или поседуваат оружје. Како и другите претставници од земјените знаци, девиците се најсклони кон финансиски измами.
Исто така, припадниците на овој хороскопски знак често се одлучуваат и за хакерство, меѓутоа, тие имаат и најголеми шанси да бидат фатени на дело, и покрај нивните добри планови. Тогаш, шокирани од фактот дека се разоткриени, девиците веднаш се признаваат.

Корупцијата е силна страна за вагите
Во споредба со другите воздушни знаци, вагите во своите редови имаат најголем број на криминалци. Тие често се дел од активности збогатени со непотизам, корупција и најразлични “местенки”, а специјалност им е финансискиот криминал.
Вагите важат за промислени и криминалци кои лесно функционираат со своите соработници, односно со луѓето кои што им даваат мито или пак од нив го добиваат. Тие имаат свои врски на сите страни, па често успеваат да се извлечат, дури и ако се целосно разоткриени.
Страствените скорпии се платени убијци
И покрај тоа што се на далечното деветто место на листата на ФБИ, скорпиите најмногу ги има во случаите со сериски убијци и психопати. Тие во криминалните води пливаат без милост и токму оваа нивна карактеристика ги прави идеални платени убијци. Мотив за злосторствата кои ги изведуваат скорпиите најчесто е љубомората или повреденото его.
Стрелецот најчесто робува
Стрелците се трети на листата на уапсени криминалци, но тие најчесто завршуваат и во затвор. Се занимаваат со најразлични измами, но учествуваат и во грабежи и често се врвни крадци.
Она што е особено интересно е фактот дека стрелците ретко ги повредуваат своите жртви, што упатува на заклучокот дека тие учествуваат во криминални дејствија исклучиво поради финансиска корист.

Јарецот е дел од организиран криминал
Припадниците на овој знак најчесто се снаодливи и сестрани криминалци. Како и во останатите аспекти од животот, јарците се многу амбициозни, па и во криминалните дејствија “пукаат надалеку”.
Јарците се најсклони кон финансискиот криминал, па најмногу уапсени од редовите на организираниот криминал има токму од јарците. Тие успеваат добро да ги прикријат своите траги и за валканите работи користат туѓи услуги. Кога ќе бидат откриени, тие со сите сили се обидуваат да му избегаат на законот.
Водолиите се хакери
Оригиналните и креативни водолии не се некои големи криминалци, ако се суди според фактот дека во листата на ФБИ се рангирани на 11то место по бројот на уапсени.
Сепак, доколку се впуштат во криминал, најголеми се шансите тие да станат хакери или водичи на секта преку која, со “перењето на мозокот” на следбениците ќе успеат да добијат пари и моќ. Често се мотивирани да се впуштат во криминал и поради желбата за одмазда.
Рибите се најголеми дилери на дрога
Припадниците на овој знак најчесто се поврзуваат со дрогата и шверцувањето. Рибите може да шверцуваат дури и ретки животни, луѓе или цигари, но нивните злосторства речиси секогаш се по малку бизарни, па дури и смешни.Според овие податоци добиени од анализата спроведена над статистиката на ФБИ најмногу криминалци има помеѓу раковите, а чекор зад нив се биковите.

Пронајдете не на следниве мрежи: