Хороскопот открива кои знаци ќе ве изневерат: За овој знак неверството е нормална работа!

Пазете се: Хороскопот открива кои знаци ќе ве изневерат.Немирниот дух е главна особина на Овенот и на Стрелецот, додека Биковите, Вагите и Скорпиите претежно се верни.Мирно спиете додека партнерот не е покрај вас, бидејќи му верувате или ве облева ладна пот ако не ви се јави на телефон. Дали ќе ве боли глава од љубомора со причина или ќе бидете во заблуда, открива хороскопскиот знак на вашиот партнер.
Овенот е роб на страста: Ако Овенот се впушти во афера, за тоа брзо ќе дознаат сите во негова близина, бидејќи припадниците на овој знак тешко молчат за љубовниот живот. Страста е негов двигател, а заради темпераментот и непромисленоста, можно е да го остави постојаниот партнер бидејќи се вљубил во друга личност. Најчеста причина на впуштањето во неверство е потрагата по возбудување што недостасува во врската. Но, ако ги откријат, ќе се обидат да ја префрлат вината на другата страна која ги завела.
Бикот сака уживање, но се плаши од неверство: Припадниците на овој знак се големи љубовници, но во сериозни врски најчесто се верни. Ако партнерот емотивно и сексуално ги задоволува и им пружа финансиска сигурност, односот нема да биде загрозен со неверство. Затоа, тие се исклучително верни, а истото го очекуваат и од партнерот. Најчеста причина а неверство кај Биковите е недостатокот на физичката интимност со партнерот.
Близнаците изневеруваат емоционално, а не физички: Немирниот дух на Близнаците ги поттикнува да се впуштат во флерт иако биле во долга врска. Сепак, на следниот чекор нема да пристанат и ќе се задржат само на комплименти и вербално надмудрување преку смс-пораки и чет. Тоа нема да се случи ако партнерот и понатаму им е предизвик, но, ако сепак изневерат, тоа е знак дека врската завршила.

Ракот вара ако е несреќен: Чувствителните и емпатични Ракови се верни во љубовта, а особено се водат по мотото: „Не им го прави на другите она што не сакаш да ти го прават на тебе“. Ако има доволно нежност и љубов дома, Ракот е целосно имун на неверство. Тоа добро го знае и партнерот, па не ги земаат здраво за готово, бидејќи единствениот Рак кој изневерува е оној кој се чувствува несакано и несреќно.
Лавот сака возбуда и внимание: Драмата и возбудата се омилена состојка на меѓучовечките односи за еден лав. Дополнителен фактор кој ги става во група на знаците кои почесто изневеруваат е нивната постојана потреба да бидат во центарот на вниманието. Ако сакате да бидете сигурни дека Лавот е само ваш, не заборавајте да му давате комплименти, но понекогаш играјте си со нив со тактиката топло-ладно, за да останат заинтересирани. Најчесто изневеруваат со доста помлади од нив, бидејќи ги привлекува младешката енергија.
Девицата изневерува ако сака да излезе од врската: Девиците се сериозни, приземни и најчесто се верни на партнерот. Ако во врската се среќни и задоволни нема да размислуваат за „забранетото овошје“, но, неверството за нив е нормално ако почувствуваат дека партнерот не ги цени доволно или не им овозможува се што им е потребно. Тогаш аферата е оружје, што им помага безболно да излезат од врската и да го замислат својот живот со некој друг.

Вагата многу зборува, а малку прави: Праведните и чесни припадници на овој знак сите свои обврски ги сфаќаат сериозно, па така и партнерските. Затоа, најчесто се верни. Сепак, тие се љубители на ново друштво, комплименти и флерт, кој често ги води во некои необични ситуации. Најважно е дека партнерот на Вагата е воедно и нејзин пријател, на кој може да се потпре, бидејќи тогаш ќе бидат во најмало искушение да изневерат.
Скорпијата бара ново возбудување во сексот: Мрачната, таинствена и еротска Скорпија често е поврзана со неверствата, но тоа најчесто не е вистина. Ако се многу вљубени, неверството нема да им падне на памет. Она што може да се случи е да им здодее рутината во врската, а посебно рутината во сексот, па ќе се впуштат во неверство за една ноќ, кое никогаш нема да го признаат на постојаниот партнер. Противотров за неверството на скорпиите е воведување на новости во спалната соба, но и повремено будење на нивната љубомора.
Стрелецот го сака забранетото овошје: Слободоумни и желни за авантури, Стрелците се склони на неверство. Можат да бидат и во долги и сериозни врски, но неверството нема да го доживеат како нешто драматично. Дури и самите себе ќе се лажат дека тоа не се случило. Кај нив важи правилото дека приликата го чини крадецот, и затоа најдобро е што подолго да се забавуваат со партнерот, по можност со забавни активности како спортот. Исто така, неверството го простуваат полесно отколку други знаци.

Јарец е друго име за верен партнер: Припадниците на овој знак се меѓу најверните во целиот Зодијак, а особено затоа што го доживуваат неверството како духовно предавство. Може да бидат воодушевени од некој заради интелектуалната страна, но нема да се случи ништо повеќе од флерт. Ако сепак изневерат, тоа го прават како и Девиците, аферата е за нив бегство од лоша врска. Колку што даваат верност, толку и ја бараат назад, и никогаш не го простуваат неверството.
Водолијата си измислува свои правила на неверството:  Водолиите често тврдат дека не изневеруваат никогап, но вистината е дека нивната дефиниција за изневерувањето е многу потолерантна отколку кај другите луѓе. Бидејќи рутината им оди на нерви, најчесто изневеруваат со некој драстично поразличен од партнерот. Но, сами себе ќе си објаснат дека тоа било неизбежно, и нема да имаат грижа на совест. Водолијата нема да изневери само ако навистина сака и знае дека партнерот тоа нема да го прости.
Рибите се главни глумци во своите фантазии: Припадниците на овој знак живеат во фантазиите, а љубовното и страстно сценарио секогаш се врти во нивните глави. Ако врската им стане здодевна и предвидлива, ќе почнат да фантазираат за колегата од работа или за некој друг од нивната околна. Иако знаат да запрат на време, прашање е дали во тој процес ќе е вљубат или не. Партнерите на Рибата треба да се обидуваат да ја одржат страста во животот, бидејќи тогаш неверството нема да им падне на памет.Мирно спиете додека партнерот не е покрај вас, бидејќи му верувате или ве облева ладна пот ако не ви се јави на телефон. Дали ќе ве боли глава од љ

Пронајдете не на следниве мрежи: