Хороскопот открива поради што но и како хороскопските знаци страдаат!Овен
Тој умее да сака, но кога душата ќе го заболи вообичаено е виновен некој кој му се вовлекол под кожа и не може да го заборави. Тогаш спасот го бара во пријателите, роднините- се што им е потребно е да ги сослушаат додека си ја отвараат душата. Но детинесто се надева дека уште другиот ден сите негови проблеми ќе бидат решени.
Бик
Душата тешко ја отвара, но кога ќе го направи тоа нема да знае да престане и зборува за се што длабоко во душата го мачи, секако ако има доверба во вас. Но, тешко ќе го натерате да излезе од неговиот дом. На момент може да ви изгледа многу рането а на момент многу практично, додека ви зборува за својата мака која што секако е љубовна, затоа што со се друго лесно излегува на крај.
Близнаци
Спортскиот дух ги спасува од големо страдање, што не значи дека немаат душа. Имаат и тоа голема, но добро можат да се заштитат. Нема да дозволат емоциите да ги скршат, да патат затоа што знаат да се изборат со се. Ќе работат премногу само за да заборават.
Рак
Страдањето, главно љубовно е составен дел од животот, па Ракот како прав мазохист само ќе ја потхранува својата мака и болка. Ќе се свртат кон храната, а најрадо би излегле и од својата кожа. Но ќе сакаат и да отидат до кафеана и да се излечат со алкохол.
Лав
Драмата е насекаде околу него, а најмногу во неговата ранета душа, но тоа никој не може да го разбере затоа што тој добро ќе го поттисне тоа и храбро ќе продолжи со својата болка. Но дали ќе издржи да не пукне?
Девица
Иако за нив се знае дека се практични и безчувствителни, и дека само мислат на работата…но не е баш така. Кога Девиците ќе ги заболи душата тешко дека ќе можат на некој да му објаснат, можеби дури после извесно време дури откако се ќе помине. Успешно ја кријат болката во себе.
Вага
Што и вреди тактичноста и дипломатијата кога никогаш умее да се заштити себе кога станува збор за љубовните маки. Не помагаат ни совети ни разговори по телефон, затоа што ги мачи помислата дека никогаш нема да можат да заборават и да продолжат понатаму. Има ли полошо од тоа? Ма секако дека тие знаат дека има….но сепак ќе пробаат да се утешат со благо.
Скорпија
Најголемата мака на Скорпиите е љубовта и тие тоа добро го знаат. Но нив страдањето само ги зајакнува. Но ако не успеат да ја излечат својата болна душа може да паднат во депресија и да не излегуваат од дома или пак да не излезат од кафеана. Тешко ја отвараат душата и тешко го поднесуваат своето страдање.
Стрелец
Сака да побегне на некој пат. Сака да побегне од светот кој го прави тажен. Често знае да падне во депресија и да ги прелистува албумите со фотографии. А може и да удри на забава и лудо да се забавува со пријателите.
Јарец
Не знаат што повеќе ги боли, нивните или туѓите маки? Чувствителни се на туѓата болка, сочувствува со другите и ги теши. Но кога него ќе го заболи душата спас наоѓа во работата, музиката и во дружењето со домашните миленици. Во мислите често се враќат на она што ги повредило.
Водолија
Иако не изгледаат така но душата може толку многу да ги заболи што ќе изгуват чувство за реалност. Тогаш Водолијата најчесто се повчекува во дома и страда во тишина и никој не знае каде е. Кога ќе одлучи да ги напушти своите четири ѕида затоа што долго не може да издржи затворена, оди да се види со пријателите и она што требало да и го каже на личноста поради која пати им го кажува на нив за да си ја олесни душата.
Риби
Кога ќе ги заболи душата по секоја цена сакаат да преземат нешто да најдат решение. Во мислите често само повторно и повторно се потсетуваат на настанот. Мислат дека никој не ги сфаќа а тоа дополнително ги нервира, често знаат да си тераат инает сами на себе. Овен
Тој умее да сака, но кога душата ќе го заболи вообичаено е виновен некој кој му се вовлекол под кожа и не може да го