Хороскопски знаци кои најдобро ќе се омажат!

Хороскопски знаци кои најдобро ќе се омажат!Овен 
Покрај неа еден просечен маж се чувствува како жена, затоа што таа сѐ може да направи двапати подобро од него. Таа никогаш нема да ви забележи поради тоа – секогаш ќе работи, ќе создава, ќе се надева и ќе ве охрабрува, дури и тогаш кога другите ќе ви кажуваат дека сте мрзлив. Отворена е и искрена и никогаш нема да направи будала од вас. Покрај неа нема потреба да се грижите за непријателите, затоа што тие ќе избегаат од вас кога ќе видат каква личност ве „чува“. Вие сте нејзино богатство. Децата нема никогаш да ги разгали и од мали ќе ги учи како треба да се борат за сопствените цели. Сѐ што ќе побара од вас е да верувате во себе. Само покрај неа и никој друг ќе сфатите што значи да се биде вистински маж.
Бик
Сѐ што прави, прави двапати потемелно од вас. Со неа не постојат пропусти и непредвидени разочарувања. Препуштете ѝ ги сите пари и бидете сигурни исто како да сте ги вложиле во банка, која двојно ќе ги зголеми. Уморни сте и ве боли главата? Препуштете им се на нејзините раце кои ќе ви ги покажат тајните на релаксирачката масажа. И никогаш, никогаш немојте да се сомневате дека ќе ве напушти кога ќе ви биде тешко. Таа е жена која со километри би ве носела ранет низ пустина. Сѐ што ќе побара од вас се подароци, а тоа е ситница, нели? Со оглед на тоа дека таа сепак сѐ прави најдобро. Децата ѝ се емотивно и ментално стабилни, полни со ведрина. А како и не би биле со таква мајка?
Близнаци
Сѐ што мисли, мисли двапати подобро од вас. Со неа за некои работи и не морате да размислувате, едноставно препуштете ѝ се и ќе откриете нови светови. Со неа секој нов ден е како нов живот. Не сте знаеле дека во вас се крие разиграно дете? Е па сега знаете, кога освежени и вечно млади, се прашувате со што сте заслужиле толкава среќа. За неа не постојат баналности и е полна со изненадувања. Уште од мали ги носи децата паралелно во две училишта и тие имаат разновидни интереси.

 
Рак
Сѐ што чувствува, чувствува двапати поинтензивно од вас. Со неа ќе дознаете што значи да ја имате вистинската жена покрај вас. Со неа ќе имате и комедии, и хорори и драми. Ќе живеете во оазата од илјада и една ноќ, опкружени со најубави јадења. Децата ѝ се нешто свето и најважната работа во животот.
Лав
Таа е сѐ што вие не можете ни да се надевате дека ќе бидете. Со неа не сте обичен човек, туку супермен. Ќе ја обожавате, затоа што никогаш нема да мора да направи нешто посебно за да ја сакате и секогаш ќе се прашувате во што се крие нејзината тајна. Сѐ што прави за вас, го прави со целото срце. Кога се лути, се лути најслатко на свет. Кога бара нешто, секоја нејзина желба е ваша заповед. Децата секогаш ќе ѝ бидатнајдобри во сѐ, всушност како и нивната мајка.
Девица
Сѐ што знае, знае двапати подобро од вас. И вас ќе ве научи што значи да се знае. Животот ќе ви биде ослободен од илузии и нема да постои ништо повеќе што би можело да ви застане на патот кон успехот. Со неа ќе имате голема кариера. Таа е жена која ќе ве остави да се занимавате со значајни работи, без инсистирање на преголема сентименталност. За неа љубовта е во делата, а не во зборовите. Болни сте? Нема да ви биде потребен лекар, тука е таа и нејзиното длабоко чувство за одговорност. Сѐ што ќе бара од вас е да бидете искрени и вредни, а таа е двапати повеќе од вас. Децата ѝ се добро организирани и обично се најдобри… паметни на мама.

 
Вага
Таа знае што е  хармонија и го знае тоа двапати подобро од вас. Цврста е како челик кога треба да ги отстрани пречките од вашиот пат и мека како кашмир кога ви треба отпуштање. Вие знаете дека таа дише и за вас, и дека без неа сте половина човек. Обично е убава и грациозна, а умее сѐ околу неа да доведе во хармонија и убавина. Децата ѝ се омилени во друштвото и големи естетичари. Ги учи дека таткото е – Бог.
Скорпија
Таа не е жена, туку волшебничка, која ве занела уште од првиот момент. Бидете сигурни дека однапред ве познава, понекогаш и подобро од вас самите. Таа би го дала животот за вас, ако ѝ докажете дека сте вредни за тоа. Појдете со неа храбро кон сите искушенија и никогаш немојте да ја предадете. Ќе научите што е посветеност и страст, и ќе ги сакате нејзиното срце, тело и дух. Децата уште од мали ќе ги учи дека се предодредени за големи дела.
Стрелец
Можеби вие мислите дека имате среќа, но таа има трипати повеќе среќа од вас. Не морате веќе да играте игри на среќа, бидејќи со неа животот нагло ќе почне да ве опсипува со дарови. Покрај неа другите жени ќе ви изгледаат како префригани мачки. Со неа не добивате само жена, туку инајдобар пријател на светот. Децата ѝ се искрени, полни со оптимизам и верба… баш како мама.

 
Јарец
Знаете ли пред кого стоите? Бидете сигурни дека наскоро ќе сфатите за каква дама станува збор. Она што на секој просечен маж ќе му го свитка ‘рбетот, оваа дама ќе го изнесе ненаметливо и достоинствено. Сѐ што сака е да покажете карактер и истрајност, а таа ќе ви биде пример за тоа. Како мајка е строга, но праведна. Нејзините деца еден ден ќе владеат со себе и со светот околу нив.
Водолија
Кога ќе ја запознаете, ќе се чувствувате како затвореник кој штотуку излегол на слобода. Немојте да се грижите за ништо. Не ви е потребна научна фантастика – ја имате неа. Сепак, таа не ви припаѓа само вам, туку на сите, а сепак на никој. Ако сте растеле како единец, ќе ви стане незаменлива, како брат или сестра. Децата ја обожаваат. Еден ден некои од нив ќе станат вистински генијалци.
Риби
Таа е жена која е сѐ, а сепак ништо. Сѐ што сакате да имате, но никогаш нема вистински да ја имате. Само најхрабрите ќе можат целосно да ја освојат. Нејзината сестраност и бујна фантазија ќе прават од вас секој ден нов човек. Помогнете ѝ да ги научи децата што е дисциплина и тие од неа ќе наследат многу уметнички дарови.Овен 
Покрај неа еден просечен маж се чувствува како жена, затоа што таа сѐ може да направи двапати подобро од него.

Пронајдете не на следниве мрежи: