За повеќето луѓе моногамијата е најважната точка во секоја љубовна врска. Хороскопот открива многу за ставот кон прељубата, а еден хороскопски знак е познат по својата безусловна верност.Од сите хороскопски знаци, Раковите најмногу тежат кон сигурна врска полна со љубов во која нема место за прељуба. Ракот никогаш не е во потполност среќен додека не оствари длабока емотивна врска, а кога ќе се вљуби секогаш размислува долгорочно.
Трага по личност со која ќе гради дом и ќе основа семејство. Ракот дава многу и исто така бара многу. Сака внимание, сака да му се докажува љубовта, но секогаш враќа со иста мера.
Кога ќе наиде на проблеми во врската, не ги избегнува туку ги решава бидејќи не сака било што да му застане на патот на љубовта. Не ни помислува на прељуба како метода на решавање на проблемите затоа што е верен до самиот крај. Токму поради тоа често страда.
Раковите ја кријат својата сложена емотивна структура и длабоките внатрешни доживувања. Тоа се луѓе кои се создадени од силни чувства и кои длабоко преживуваат се што се случува околу нив.
Молчеливи се, внимателни и таинствени. Повеќето од нив не се грижат и не се плашат толку за себе колку за своето семејство, а посебно за децата.
Оние кои ги познаваат ги сакаат поради нивната великодушност, чувствителност и грижа, доверливост и пожртвуваност.Од сите хороскопски знаци, Раковите најмногу тежат кон сигурна врска полна со љубов во која нема место за прељуба. Ракот никогаш не е во потп