Хороскопските знаци и љубовта: Еве во која земја може да ја пронајдете сродната душа!

На шега или не, потпрете се на предвидувањата на астролозите во врска со вашиот хороскопски знак и според него посетете ја земјата каде ве очекува љубовта.Овен
Земјите во кои Овенот ќе има среќа во љубовта се Велика Британија, Венецуела и Германија. Барајте го партнерот меѓу научници, професори или издавачи.
Бик
Претставниците на овој знак сакаат да прават промени. Има голема шанса идниот партнер да го најдат во Египет, Шведска, Украина, Чешка, Словачка, Обединетите Арапски Емирати. Многу веројатно е да се запознаете на некој прием.
Близнаци
Земјите кон кои треба да се упатат припадниците на овој хороскопски знак се САД, Грција и Романија. Среќата можеби ќе ви се насмее, ако го побарате партнерот меѓу нестандардни луѓе, на пример оние со ретка професија.

Рак
Вашите земји се Индија, Литванија и Холандија. Можно е идниот партнер да е психо-аналитичар или свештеник. Направете сѐ што можете да живеете во близина на море, езеро или река.
Лав
Лавот ќе се чувствува прекрасно во Јужна Франција, Италија и Шпанија. Во овие земји претставниците на овој огнен знак целосно ќе ги откријат своите квалитети и способности. Со идниот партнер ќе се разбирате одлично, ако разликата во нивото на образование, воспитување и социјална состојба не е премногу голема.
Девица
Девицата мора да избере помеѓу Јапонија, Латвија, Швајцарија или Германија. Ѕвездите ве предупредуваат да обрнете особено внимание на брачниот договор.

Вага
Вагите ќе имаат среќа во љубовта во Велика Британија, Кина и Нов Зеланд. Ако успеете да најдете човек со кого имате многу заеднички интереси, ќе се радувате на долг и среќен брак. Можно е идниот  партнер да биде новинар, писател или трговец.
Скорпија
Има голема веројатност да создадете семејно гнездо во Турција, Пакистан, Азербејџан, Авганистан, Иран, Ирак или Куба. Ќе треба да ги прифатите традициите на земјата во која евентуално ќе се преселите. Можно е партнерот да е земјопоседник или сопственик на недвижни имоти.
Стрелец
Спакувајте ги куферите и заминете за Грузија, Монголија, Полска, Аргентина или Мексико. Ќе имате брак исполнет со многу страст и силни чувства. Вашиот партнер е меѓу луѓето во уметноста, актери, пејачи.

Јарец
Ѕвездите ви советуваат да заминете на работа во Естонија, Саудиска Арабија или Норвешка. Ќе ја најдете љубовта на својот живот меѓу колегите. Ако партнерот ви е малку постар, ќе имате по стабилна врска.
Водолија
Водолија има шанса да се врзуваат со цел брак во Канада или Австралија. Вашиот партнерот можеби ќе биде правник, консултант или уметник.
Риби
Добро е Рибите да фрлат поглед кон Израел, Тајланд или острови во Југоисточна Азија. Треба да се водите не само од чувства, но и од вашата внатрешна логика и интуиција. Имате шанса за стабилен брак со финансиер или банкарски работник.Овен
Земјите во кои Овенот ќе има среќа во љубовта се Велика Британија, Венецуела и Германија. Барајте го партнерот меѓу н

Пронајдете не на следниве мрежи: