ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ И ПАРИТЕ: Лавот верува дека заслужува да биде богат, а Бикот стравува од…

Често се грижите за вашата финансиска состојба? Дали ќе бидете богати или сиромашни? Дали ќе живеете скромно или луксузно? Откријте што кажуваат планетите за тоа како се чувствувате во врска со парите.Грижите околу парите и сигурноста се проблем на земјените знаци (Бик, Девица, Јарец) и делумно на Водолијата. Јарецот почнува да ја пресметува својата пензија уште од денот кога ќе заврши факултет. Тој постојано живее во страв дека нема да има доволно пари за наредната календарска година.
На Бикот му е важна финансиската стабилност и затоа повремено си трга пари во касичка, за да биде сигурен дека секогаш ќе може да си ги дозволи егзистенцијалните потреби. Понекогаш, Бикот остава впечаток на недарежлива личност, меѓутоа тоа е така кога го преовладува тој прикриен страв дека ќе остане сиромав.
Девицата има тенденција да се грижи за сè, па парите се само еден сегмент околу кој таа има чувство на сомнеж и неизвесност. Наспроти нивната добра репутација дека се многу уредни и педантни личности, Девиците во суштина се хаотични кога станува збор за парите. И покрај нивната неснаодливост со пари, во финансиски кризи стануваат многу снаодливи. Можеби никогаш не се премногу оптимистични, но имаат некакви специјални моќи.
Водолијата врз која многу силно влијание има Сатурн е екстремно приврзана кон тоа што е нејзино. Не ѝ се допаѓа идејата да нема богатство или статус во општеството, па затоа таа попрво би избрала да акумулира што е можно повеќе пари, отколку да живее од денес за утре.

Овенот и Стрелецот се прилично слични кога станува збор за пари. Живеат среќно и задоволно сè додека нивните основни потреби се задоволени, бидејќи тие се цврсто уверени дека заштитната мрежа ќе се појави во моментот кога евентуално би „паднале“ на финансиски план.
Благодарение на влијанието на Јупитер, Стрелецот е непоправлив оптимист, кој едноставно знае дека одвреме-навреме може да си дозволи мала пауза од работата, а притоа да има доволно пари за да ги преживее наредните неколку недели.
Рибите, кои го делат влијанието на Јупитер со Стрелецот, исто така ја имаат таа среќна ѕвезда и коцкарски инстинкт, дека со помош од универзумот, сé ќе стане подобро еден ден.
Лавот е огнен знак, но има недостиг од таа моќна самодоверба што ја имаат другите знаци од неговата категорија, Овен и Стрелец. Тој верува дека заслужува да биде богат и дека парите се негово право здобиено со раѓање, а така најчесто и излегува.
Близнаците имаат тенденција да бидат оптимисти и песимисти, како резултат на нивната двојна природа. Еден ден се во добро расположение, следниот се депресивни. Но, тие имаат интуиција за пари и генерално го претчувствуваат правецот кон кој треба да се упатат за да стигнат до богатство.
Ракот и Скорпијата ја делат несигурноста околу парите со Бикот. Како резултат на тоа, тие сакаат да чуваат парични резерви, со цел да се чувствуваат стабилно. Тие во ниту еден момент не би си дозволиле себеси да останат куси со пари, бидејќи им е од голема важност никогаш да не останат сиромашни.
Вагата го цени тоа што можат да го купат парите и верува дека небото ќе ѝ помогне да ги има, мислејќи дека го заслужува тоа задоволство. Таа секогаш ќе најде начин да ги плати сметките навреме. Едниот начин да ѝ бидат сметките чисти е ако има доволно пари во банка, а другиот е ако има финансиски стабилен партнер.

Пронајдете не на следниве мрежи: