Хотел Централ- нова инвестиција во Виница

Се отвори нов, луксузен хотел во центарот на Виница, кој ќе ја збогати туристичко – угостителската понуда во Источна Македонија. Хотел Централ, Фитнес & Спа официјално ги отвори вратите на урбаното угостителство и хотелијерство во Виница и регионот.Хотелот располага со 22 луксузно опремени соби наменети за туристи, бизнис и семејни посетители во Источна Македонија. Секоја од гостинските соби и апартмани е стилски уредена со елегантен мебел и функционална бања, фен за коса, мини бар, сеф, ТВ, телефон, бесплатни безжичен интернет и избор на кафе и чај.

 
Во склоп на хотелот се наоѓа фитнес центарот “Централ Gym & Fitness” кој веќе со години е избор на сите љубители на здравиот животен стил во регионот и на сите оние кои сакат да бидат во форма.
Гостите на Хотел Централ ќе уживаат услуги на 24 часовна рецепција, обезбедување, бесплатен фитнес и паркинг, како и бесплатен безжичен интернет и избор на кафе и чај.

Хотел Централ претставува уште една инвестиција во економскиот и урбаниот развој на Виница која ќе понуди хотелско сместување што одговара на потребите на гостите, чии приоритет е да добијат угостителски третман во домашен амбиент. Покрај новоотворениот Хотел Централ, со години збирно место на Виничани е современиот ресторанот Александар Парк Виница, место каде што можат да се вкусат голем број на специјалитети од македонската и интернационална кујна, а просторот е погоден за прослави и свечености.

 
Ексклузивниот спа центар како и салата за семинари кои ќе ја дополнат понудата на Хотел Централ се во подготовка и ќе бидат отворени во јули 2017-та година.
Сега имате нова причина да ја посетите Виница, а по заминувањето ќе имате уште повеќе причини повторно да се вратите.
Резервации на телефон: +389 33 360 022 или на маил [email protected]Хотелот располага со 22 луксузно опремени соби наменети за туристи, бизнис и семејни посетители во Источна Македонија. Секоја од гостинск

Пронајдете не на следниве мрежи: