Хотел парично ќе ги казнува гостите кои ќе напишат нешто лошо за него

Еден хотел во Хадсон излегол на насловните страни во  сите светски  медиуми кога вовел парична казна за гостите кои ќе напишат негативни критики…На сајтот на хотелот Јунион стрит гест стои известување:
„Од вашиот депозит, ќе бидат одземени 500 долари за парична казна доколку вие или било кој од гостите од вашата прослава на интернет напишете негативна критика за нашиот хотел“.
А тоа би значело доколку одлучите баш во овој хотел  да организирате венчавка или некоја друга прослава, а притоа не сте поминале добро, на интернет не смеете да напишете за тоа. Во спротивно вие или вашите домаќини ќе платите казна од 500 долари.
Први за оваа необична пракса известил „Njujork post”, па на сајтовите за оценување на угостителските објекти, како што е „Yelp”, духовити читатели веднаш почнале да пишуваат негативни критики.
Така некои пишувале дека во хотелот се шетаат лебарки и други инсекти, но и дека биле приморани  да плаќаат казна.
Штом почнале да се шират негативните коментари управата на хотелот го тргнала текстот од сајтот,асопственикот на Фејсбук напишал дека тој текст требало да ги „мотивира посетителите да не пишуваат сешто по интернет“,и дека не мислел навистина да ја наплати казната.
„Тоа правило повеќе беше како шала, не мислевме навистина да ги казнуваме луѓето. Се извинувам на сите и се срамам  што нашиот хотел се појави во весниците со вакви грди вести“, напишал Крис Вагнер.На сајтот на хотелот Јунион стрит гест стои известување:
„Од вашиот депозит, ќе бидат одземени 500 долари за парична казна доколку ви

Пронајдете не на следниве мрежи: