Хотел Premier Банско-Место за вистински одмор на сите ваши сетила

Сте размислувале ли некогаш да го посетите бисерот на Пирин Планина, еден од најдобрите скијачки центри на Балканот? Или пак можеби сте биле користејќи една од многуте поволни понуди на туристичките агенции? Ние, за момент ќе ве преселиме токму таму, ќе ви помогнеме да го почувствувате Банско и еден од најубавите хотели на планината. Premier Luxury Mountain Resort е хотел каде што максимално можете да ги почувствувате убавините на Банско, убавините на планината Пирин и секако убавините на добрата храна и добриот спа центар кои што ви ги нуди хотелот. Сместен на прекрасна и мирна локација истовремено блиску и до терените и до планината, Премиер и капацитетите и луксузот кој ви го нуди ќе допринесе за незаборавен релаксирачки одмор.
 
Комбинацијата на добра храна, чист воздух и преубав спа центар дефинитивно може да се каже дека е добитната комбинација кога е во прашање одморот на сите ваши сетила и ослободување од сите грижи и проблеми кои ги носи животот.
 
Доколку сте љубител на добра храна, овој хотел е вистинскиот избор за вас затоа што како дел од Него се рестораните Дионисос и Амброзија. Имено, ресторанот Дионис нуди раскошен американски појадок и вечера со одлични и вкусни јадења, додека пак сакате современа и одлична кујна тогаш Амброзија е идеалното место за вас. Притоа, ќе бидете позитивно изненадени и од големиот асортиман на вина кои ќе бидат послужени во топлиот и пријатен амбиент кој го нуди овој ресторан.
 

Спа центарот пак, е уште една од работите со кои може да се пофали овој хотел. Во склоп на хотелот е Викторија спа која нуди  целосна релаксација и можност за подмладување. Исто така доколку се решите да го посетите овој спа центар ќе имате исклучителна можност да го искористите широкиот спектар на третмани и да ги употребите сите Спа и Велнес објекти.

Врв на се, во овој хотел е беспрекорната услуга и грижа на персоналот која ќе допринесе да се чувствувате специјално за време на целиот ваш престој таму.
Едно е сигурно, дефинитивно нема да погрешите  доколку во било кој период од годината решите да го посетите овој хотел кој ќе ви пружи незаборавен одмор и релаксација. 
 
Premier Luxury Mountain Resort е хотел каде што максимално можете да ги почувствувате убавините на Банско, убавините на планината Пирин и секако уб

Пронајдете не на следниве мрежи: