Хотел Русија за прв пат на Меѓународниот саем за туризам во Скопје

Хотел Русија за прв пат ќе учествува на меѓународниот саем за туризам. Саемот претставува одлична можност каде на едно место хотелскиот комплекс ќе има прилика да ги прикаже убавините на содржините со кои што располага.Саемската манифестација ќе се одржи од 07-09 мај 2015.
Хотел Русија со својот штанд ќе биде лоциран во втората хала и ќе има можност за квалитетно претставување на туристичката понуда, запознавање на нови деловни партнери, негување на постојните бизнис релации со клиентите и партнерите, истражување на пазарот и поставување на темел за идната маркетинг стратегија.  
Хотел Русија е софистициран и модерен дизајнерски хотел со 4 ѕвезди. Располага со 61 соба и апартмани кои се климатизирани со елегантен декор, модерен мебел и поглед на река. Сите соби се комплетно звучно изолирани, опремени со екстра долги кревети (220цм), со телевизија која вклучува повеќе од 60 интернационални канали, мини бар, бесплатно WI-FI и приватен тоалет со пењоар и прибор за лична хигиена.
Покрај тоа хотелот располага со други додатни содржини: ресторан, спа центар (Anne Semonin), фитнес центар, тениски игралишта и секако има и бесплатен паркинг. Наскоро својата содржина ќе ја збогати со отворање на Руф бар.
Ова е само дел од содржините со кои Хотел Русија располага. Повелете и посетете не на меѓународниот саем за туризам и информирајте се многу повеќе за содржините на Хотел Русија и што всушност ние можеме да ви понудиме.Саемската манифестација ќе се одржи од 07-09 мај 2015.
Хотел Русија со својот штанд ќе биде лоциран во втората хала и ќе има можност за ква

Пронајдете не на следниве мрежи: