Хотелот Бел Камен го стартуваше сервисот за онлајн резервации

Комплексот Хотел и СПА Бел Камен во Радовиш деновиве го стартуваше сервисот за онлајн резервации за своите гости. Со оваа услуга, која е во рамките на светските трендови на оваа индустрија, Бел Камен стана еден од само неколкуте хотели во Македонија којшто обезбедува сервис за онлајн резервации.Отсега па натаму, за помалку од две минути, само со неколку кликови на https://www.hotelbelkamen.com.mk/reservations ќе можете да резервирате тип на понуда по желба, како и датум на пристигнување и на заминување од Бел Камен.
 
„Оваа онлајн услуга е со цел на нашите гости да им обезбедиме полесно резервирање на собите во хотелот. Преку транспарентен и брз начин, но пред се – сигурен, тие можат да резервираат и да обезбедат престој во нашиот хотел, а притоа да не мора да се јавуваат на телефон. Ваквиот тип на услуги се од секојдневна и практична примена во туризмот низ светот, па и затоа и ние решивме да бидеме дел од трендот,“ изјави изјави Коста Андонов, менаџер на комплексот Бел Камен.
 
Туристичкиот комплекс Хотел и СПА Бел Камен се наоѓа на дваесетина километри од градот Радовиш, сместен во срцето на Плачковица, сред густите борови и дабови шуми. Бел Камен во својот СПА центар располага со парна бања, финска сауна, џакузи и салон за масажа, а во склоп на комплексот има фудбалско, кошаркарско и тениско играчиште.Отсега па натаму, за помалку од две минути, само со неколку кликови на https://www.hotelbelka

Пронајдете не на следниве мрежи: