Храбар татко се соочил со киднаперот и ја спасил својата 5-годишна ќеркичка

Родители од Јута во петокот ги разбуди вознемирувачка бучава во 4:30 часот наутро: тоа беше звук на отворање на предната врата и зборувањето на нивната 5-годишна ќерка.Кога таткото потрча надвор во пижами, виде страшна страшна слика пред очите: неговата 5-годишна поќерка била во рацете на еден странец кој ја носел преку тревникот. Човекот го грабнал девојчето од нејзиниот кревет, откако претходно влегол во куќата преку отклучената врата, соопшти полицијата.
Таткото се соочил со човекот и побарал да му ја врати ќерката. Натрапникот ја предал без борба, а потоа избегал од местото на настанот.
„Имаше еден човек во мојот дом и тој ми ја зеде 5-годишната ќерка“, плачејќи рече мајката која веднаш повикала полиција. И додаде: „Се случи да се разбудам и тој ја носеше ќерка ми надвор. Мојот сопруг истрча таму и ја одзема од него. Но, сепак тој зеде мојата ќерка од домот и тоа ме плаши.“
Човек, идентификуван како Трој Морли (48) од Рој, Јута, бил фатен два блока подалеку откако провалил во друга куќа за да се сокрие. Морли беше уапсен и обвинет за киднапирање дете, провала, кражба, нелегално влегување и давање отпор при апсење.
Девојчето не беше повредено при застрашувачкото искуство, но инцидентот ги потсети луѓето на еден страшен настан, кога 14-годишната Елизабет Смарт беше грабната од нејзината спална соба во Солт Лејк Сити, во 2002 година. Таа беше заробена девет месеци пред да биде пронајдена.
Сведоците и соседите велат дека го знаат Морли и дека во повеќе прилики се однесувал несоодветно. Една жена изјавила дека честопати се случувало да го фати како се шета по нејзиниот двор и дека ѝ олеснало што е фатен и ставен зад решетки. Се очекува судењето за неговото злодело.
Кога таткото потрча надвор во пижами, виде страшна страшна слика пред очите: неговата 5-годишна поќерка била во рацете на еден странец кој ја носел

Пронајдете не на следниве мрежи: