Храбра мајка: Пешачела 105 километри за да му одржи лекција на министерот

Горица Лукиќ, мајка на девојче кое државата ја заборави, пешачела 105 километри за да му привлече внимание на министерот Александар Вулин  за тешката положба на децата заболени од ретка болест.Горица има 46 години, завршен факултет, и низа работни места зад себе, како и повеќето граѓани на Србија, повеќето неуспешни. Живее во Бања Ковињача со својата тринаесет годишна ќерка, неподвижната мајка и невенчаниот сопруг. Нејзината постара ќерка, исто така со факултетска диплома, привремено работи во Белград..
Сите сиромашни семејствa во Србија личат едни на други, но семејството на Горица се издвојува: нејзиното помало дете е болно од хемофилија, Вон- Вилерова болест и пореметување во коагулацијата на крвта и трајно и е оштетен центарот за рамнотежа.
„Тоа се ретки болести, но со соодветна терапија Дарија би можела нормално да функционира и да оди на училиште. Беше одличен ученик..“ Вели Горица. Скапите лекарства Горица, како и останатите деца погодени од слични болести, мора сама да ги купува…

Благодарение на добрите луѓе, Горица веќе два пати ја водела својата ќерка во една турска болница: од вкупно десет илјади евра, нивните прилози покриле 5.500, а останатото го покрила Горица.
Тамошната терапија значително ја подобрила здравствената состојба на Дарија, и на почетокот на следниот месец ќе оди во Турција и трет пат.
„Добивме 250.000 динари за куќата. Со тие пари ќе го платиме лечењето…
На 11 септември незадоволна од односот на државата кон децата кои боледуваат од ретки болести, се упатила во Белград, кај министерот Александар Вулин.
„Барам да се посетат сите деца со ретки болести во поплавените подрачја, и да ја регистрираат нивната состојба; барам за нив да се обезбеди посебна храна и лекарства, во случаите каде е тоа потребно; да се воведат парични казни за нивната дискриминација, а тие средства да се уплаќаат во посебен фонд; државните службеници  да се казнат со отказ за дискриминација на таквите деца“, вели Горица.
Од Бања Ковиљча тргнала пеш на пат долг 145 километри. Од револт, и да го привлече вниманието на јавноста за овој пробле. Дури третиот ден, по изминати 105 километри, министерот  одвоил време за нејзе.Горица има 46 години, завршен факултет, и низа работни места зад себе, како и повеќето граѓани на Србија, повеќето неуспешни. Живее во Бања Ковињач

Пронајдете не на следниве мрежи: