Храна што НЕ СМЕЕ да се чува во фрижидер

Можеби листата ќе ве изненади, бидејќи веројатно многумина ги чуваат во фрижидер овие намирници.Кога се чуваат во фрижидерот, многу од овие намирници го губат вкусот или брзо се расипуваат, затоа внимателно прочитајте ја листата:
-Домати: Ладниот воздух во фрижидерот го спречува процесот на зреење и доматот го губи својот вкус.
-Босилок: Ако го чувате во фрижидер, побрзо ќе овене и ќе ја изгуби својата посебна арома бидејќи ќе го прими мирисот на другите работи околу него.
-Компир: Скробот од овој зеленчук во фрижидер брзо ќе се претвори во шеќер и ќе добиете сладок компир. Најдобро е да се чува во хартиена ќеса, на ладно место, но не во фрижидер.
-Лук: Влагата од фрижидерот го прави лукот мек и ќе добие текстура на гума, па затоа, како и компирот, тој се чува на суво и свежо место.
-Авокадо: Чувањето на ова овошје во фрижидерот целосно го спречува неговото созревање
-Леб: За разлика од другите намирници, кои добиваат влага во фрижидерот, лебот се суши. За да ја задржи влагата, треба да се чува во ќесата.
-Маслиново масло: Треба да се чува на ладно и темно место, но не во фрижидер, бидејќи ќе се згусне и ќе добие текстура како путер.
-Кафе: Во фрижидерот ја губи аромата и добива други мириси. Треба да се чува на темно и ладно место, за да ја зачува свежината и сите свои ароми.
-Мед: Нема никаква потреба да го ставате медот во фрижидер, тој може да опстои на било кое место ако е добро затворен. Фрижидерот може само да ја поттикне неговата кристализација.Кога се чуваат во фрижидерот, многу од овие намирници го губат вкусот или брзо се расипуваат, затоа внимателно прочитајте ја листата:

Пронајдете не на следниве мрежи: