Јас сум од Хрватска. Моментално ја доживувам како концентрационен логор. Сè е скапо, производство нема, храната е со слаб квалитет, увозна, без вкус и многу скапа, 25% од населението (блокирани граѓани и семејства) имаат блокирани сметки од извршители и немаат никаков приход и живеат на маргините на општеството во последните неколку години. 50.000 илјади граѓани се избркани од своите домови од банките од неможност да ги плакаат кредитите.
Кога се приближувавме кон ЕУ, статистички Хрватска односно граѓаните имаа околу 98% сопственост на недвижен имот, додека европскиот просек е околу 48% и дека треба да се прилагоди.
И гледам го прилагодија. Измамуваат и крадат. Како ЕУ членка воведоа годишен данок на имот и до 2% од вредноста на недвижниот имот.
Даночната управа ви го проценува станот на 100.000 евра (но не можете да го продадете на пазарот толку многу). Тоа значи дека 2.000 евра ќе плаќаат само данок на сопствениот стан годишно.
Сопственикот станува подстанар во својот дом. Инаку домот може да изгубите и за 1 цент ако не забележите дека некоја покана ви е испратена, вие не знаете, се смета дека се информирани и вашиот имот се продава преку интернет аукција. Дознавате кога тоа е веќе премногу доцна, но овие постапки не може да се ресетират, дури и кога ќе го платите долгот. На првата аукција се продава за целосна цена, на втроата за 2/3, а на третата за 1/3 од вредноста, а системот е толку голем и корумпиран што мала банда на извршители нотари и политичари ги купуваат становите под најниска можна цена. Луѓето ги губат своите домови и поради неплатени сметки за ѓубре. Испратени се некои опомени, но години се во нотарската канцеларии, со огромни камати и трошоци зголемени за адвокатски трошоци. ЛЕГАЛИЗИРАН КРИМИНАЛ.
Голем број ученици деца мислат на самоубиство. Постои општа апатија. Се отселија во неколку години околу 350.000 луѓе, а останатите се главно оние кои се закачени на буџетот и за чија плата државата позајмува и поради кои данокот е енормно висок. Така се рани армијата на гласачите во Хрватска, даноците и разни разни бенефиции стигнаа и до 60%, што е неиздржливо.
Инспекторите постојано ве казнуваат за да обезбедат средства во државниот буџет. Од таму, секој може да биде казнет. Ни поставија риболовни квоти и речиси се ни забранија. Ви треба дозвола да го берете грозјето од вашиот двор, да береш печурки или костени во шумата.
Ако како трговец имате барем еден цент вишок во касата паричната казна е околу 600 евра.
За помошта од ЕУ, плаќаме годишна членарина, а потоа пишуваме проекти каде што ЕУ инвестира, а не пари за тој проект, а ние плаќаме повеќе од повлекување средства од фондовите на ЕУ.
Сè е скроено за да им биде тешко на луѓето, комплицирано. Земјоделец којшто не е доволно обучен да аплицира за пари од фондовите на ЕУ никогаш нема да ги добие, иако ќе се малтретира со документи во текот на целиот ден.
Инаку, Хрвати сме само двапати повеќе од Македонците како бројка на население, а нашиот долг е околу 11 пати повисок.
Проценките се дека нашите политичари украа од нас околу 70 милијарди евра.