Христијан: „Многу ми недостасува Тоше, во Крушево секогаш бевме заедно“

Крушево ја одбележа шестгодишнината од трагичната смрт на големата македонска ѕвезда.За семејството, Тоше останува непреболена тага. Неговиот внук, 15 годишниот Христијан Ристески ги свири и пее неговите песни и вели дека многу му недостасува зашто во Крушево секогаш биле заедно.
По повод шестгодишнината од трагичната смрт на голема музичка ѕвезда Тоше Проески во Крушево, денеска се одржаа бројни манифестации во негова чест. Изутрината, во времето на трагичната сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска, во 6:20 часот, на неговиот гроб на Гумење се одржа помен.
Учениците од неговото училиште „Никола Карев“ во 10:30 часот во Спомен куќата на Тоше го цртаа неговиот лик. Напладне пристигнаа 16-те маратонци кои трчаа од Нова Градишка.
Александар Киркоски вели дека е гордост да се трча маратон во чест на Тоше, но тешко е без него:
– Колку и да е долг овој пат, ние тоа секогаш го правиме со леснотија, зашто го правиме од љубов, од почит и со огромна желба барем овие неколку дена со посилен интензитет се оживее ликот и делото на нашиот ангел Тоше Проески, вели Киркоски.

 
Музиката на Тоше и се што потсетува на него во Спомен куќата веќе две и пол години ги привлекува посетителите од Балканот и пошироко, фановите на Тоше, почитувачите на делото на големата музичка ѕвезда. Во најпосетуваниот музеј на Балканот досега дошле преку 150.000 лица, вели вд директорот Бети Талеска.
– Досега куќата ја посетиле над 150 000 посетители од пред две и пол години кога е отворена. Обновување на поставката со нови предмети од Тоше ќе има во јануари, на 25, на неговиот роденден, вели Талеска.
Извршниот директор на Фондацијата „Тоше Проески“, Андреј Николоски, информира дека се уште има необјавени песни на Тоше, ќе бидат објавени уште две, а се работи и на биографската книга.
– Фондацијата планира активности кои би значеле продолжување на ликот и делото на Тоше. Станува збор за обработка на неколку песни кои се уште се во британското студио на продуцентот и композитор Енди Рајт. А се работи и на еден нов видео запис кој беше најден во видео студио, кој треба да се дообработи за песната „Жао ми је“. Во меѓувреме интензивно работиме на докомплетирањето на биографската книга за Тоше на новинарката Соња Алексоска Неделковска и се надеваме дека во наредниот период ќе ја види светлоска на денот, вели Николоски.
Градоначалникот Ѓорѓи Дамчески вели дека најмногу посетители во Крушево доаѓаат за Тоше.
– Бројот на туристите последниве години е зголемен. Дури 90 отсто што доаѓаат во Крушево се поради споменот на Тоше Проески, рече тој.
Гумење секојдневно ги пречекува почитувачите на Тоше. Семејството се надева дека наскоро ќе се уреди вечното почивалиште на Тоше на Гумење.За семејството, Тоше останува непреболена тага. Неговиот внук, 15 годишниот Христијан Ристески ги свири и пее неговите песни и вели дека многу му н

Пронајдете не на следниве мрежи: