Христо Димитров Измирлиев Смирненски

Христо Димитров Измирлиев (29. IX 1898 – 18. VI 1923) е македонски и бугарски поет, раскажувач, хуморист, карикатурист, патописец, преведувач, новинар. Потекнува од македонско револуционерно семејство. Пресудно творечко влијание врз него имал постариот брат Тома ИзмирлиевХристо Димитров Измирлиев (29. IX 1898 – 18. VI 1923) е македонски и бугарски поет, раскажувач, хуморист, карикатурист, патописец, преведувач, новинар. Потекнува од македонско револуционерно семејство. Пресудно творечко влијание врз него имал постариот брат Тома Измирлиев. Познат под псевдоминот Христо Смирненскиво своите творечки и општествени ангажирања живо се допирал и до Македонија. Раководел со познатиот „Македонски круг“ во Софија. Неговата поезија се одликува со високи естетски вредности и ги воспева социјалните и херојските настани на своето време. Таа била повик за сенародната борба за неопходна промена во светот, за исполнување на копнежот на бедните и поробените.
Христо Смирненски е роден на 29 септември 1898 година во градот Кукуш, во семејството на Измирлиеви, кое активно учествувало во црковната борба со Цариградската патријаршија. Татко му Димитар, слаткар по професија, кој во овие борби бил кодошен од гркоманите и апсен, суден и мачен од турските власти, станал еден од првите членови на ВМРО во Кукуш.
Во текот на Втората балканска војна, поради опасноста од настапувањето на грчките војски кон Кукуш, кој потоа е разрушен и опожарен, семејството на Димитар Измирлиев заедно со голем број бегалци го напуштил градот и заминал во Софија. Во новата средина семејството живее бедно, па децата на Димитар освен што го продолжуваат своето образование морале и да работат. Христо се запишал на Техничкото училиште и додека се школувал тој продавал весници, работел како обичен работник, потоа како продавач во колонијална продавница и др.
Иако своето образование го продолжил во Воената школа за млади официеи во 1917 г., а потоа студирал и право, животна преокупација на Христо Измирлиев била книжевноста. Пресудно творечко влијание врз него имал постариот брат, хумористот Тома Измирлиев (1895 – 1935).
Во време на Првата светска војна (1914 – 1918), уште од почетокот на 1915 г., Христо почнал да соработува со бугарското хумористично изданија „К’во да е“, каде се потпишува со псевдонимот Ведбал. Веќе наредната година објавува хумуристични стихови и фељтони во други изданиа како: „Родна лира“ „Тапани“, „Сила“ и др. И покрај својата младост, необично информиран и плоден, тој станал еден од најбараните и најпопуларните хумористи на тоа време. Во 1917 г. тој го покренал списанието „Смях и сълзи“ („Смеа и солзи“) и за првпат се потпишал со псевдонимот Смирненски, кое станува класика во бугарската литература.
Меѓутота, истата 1917 година, Христо Смирненски морал да се јави во бугарската армија која војува на страната на Централните сили, по што пристапил како Јункер во Военото училиште. Сепак, и покрај редовните обврски во касарната, како и наметнатиот карантин по избувнувањето на Октомвриската револуција кон крајот на 1917 г., тој не престанува да пишува.  Во април 1918 година под псевдонимот Ведбал ја издава својата прва хумористичка збирка “Разнокалибрени воздишки во стихови и проза”.
Силно влијание врз идниот развој на Христо имаат настаните од октомври 1918 година, кога по пробојот на Солунскиот фронт, бугарските власти крваво го задушуваат војничкиот бунт против Фердинад, а во кое учествуваат и јункерите од Военото училиште. Смирневски станал сведок на крвавиот судир крај Шеќерната фабрика, по што го напуштил военото училиште во ноември 1918 г., а неговите родители морале да платат голема оштета.
По напуштањето на војската, Христо првично работел како писар во Управата за транспорт, потоа како чиновник во Дирекцијата за стопански грижи, па благајник, репортер, уредник и коректор. Во ова бурно време по Првата светска војна Христо учествувал во демонстрации и митинзи во кои се бара амнестија на осудените војници, подобрување на материјалната положба на работниците, а неговиот хумор во списанијата станува социјално наменет, со што станува борец на пролетеријатот и член на БРП (к) (1920/1921).
Во творечките и општествените ангажирања живо се допирал и до Македонија. Раководител е на познатиот „Македонски круг“ во Софија, во кој се и брат му Тома Измирлиев, Сребро Јанакиев и Крум Ќулавков. Неговата поезија се одликува со високи естетски вредности и извршила големо влијание во развојот на бугарската литература. Таа била повик и верба во сенародната борба, надеж за бедните и поробените.
Така, 1920 г. станува пресудна во неговиот творечкиот пат, а првата вистинска поема „Први мај“, Смирненски ја пишува за првомајскиот број на „Црвена смеа“. Потоа започнува со цела серија на творби како што се на пример: „Црвените ескадрони“, „Улицата“, „Херолди на новиот ден“, „Бурата во Берлин“, „Јохан“ и др.
До крајот на својот живот, Христо Смирненски создал едно импозантно литературно дело. Тој пишувал претежно поезија, но и проза, главно со хумористично-сатирична тематика. На крајот на февруари 1922 година е издадена стихозбирката „Да биде ден“, која се смета за неповторлива во својата творечка автентичност. Со неа тој излегува надвор од границите на политичката и идеолошката посветеност и појавува ревносно човекољубие. Со неповторлив лирски ракопис Смирновски пее за копнежот по среќа и безмртна љубов кон луѓето.
Во декември 1922 година, под псевдонимот „Баш комита“ го објавува текстот „Автономна Македонија“ во весникот „Маскарад“, напишан на македонски јазик. Во текстот во кој доминира кукушкиот дијалект, тој се подбива со лажните македонски патриоти зад кои стои бугарската влада и вели: „ Ќеф е бе, браќа жими Ристос. Еве ти нагантот или парабелот, еве ти бомби, еве ти пушка- карај да ја ослободиме. Прескочи граница, утепај еден српски џандар, па се качи на планината да гледаш сеир. Ама доле сељнуријата ќе види зорт сетне… Ќе стреламе, ќе дигаме ѓурултија, ќе бегаме кога потребе, па Грци и Срби ќе колат, ќе бесат, ќе палат куќите – што ќе чиниш: ова е автономија. Не е шега работа!“
Уште во пролетта 1921 година, Смирневски заболува од паратифус, но болеста ја надминува. Продолжува да пишува и објавува лирски, хумористичко стаирични стихови и фељтони.  Меѓутоа, во 1922 година, во периодот на најголема творечка активност повторно се разболува. Кон крајот на 1922 и почетокотот на 1923 година тој ги пишува „Зимски вечери“, „Роза Луксембург“, „Советска Русија“ и сатирата „На гости кај ѓаволот“. Во месец април докторите константираат дека боледува од милијарна туберкулоза, но тој не престанува да твори и во мај го издава последното дело, сатирата „Приказна за скалилата“, најзрелата творба во која поетот ги разобличува политичките ренегати, кои продавајќи ја душата на ѓаволот, се искачуваат по скалилата на власта и од политичките социјални низини станале „принцови“.
Поради напредување на болеста Христо морал итно да замине во сенаториум, но таму немало слободно место. По државниот удар во Бугарија на 9 јуни 1923 година, Христо останал два дена без храна и лекови  и неговото здравје било сериозно нарушено. Предоцна бил преместен во приватен сенаторум. Христо Смирненски умира во Софија на 18 јуни 1923 година, непосредно пред да наполни 25 години.Христо Димитров Измирлиев (29. IX 1898 – 18. VI 1923) е македонски и бугарски поет, раскажувач, хуморист, карикатурист, патописец, преведувач, нови

Пронајдете не на следниве мрежи: