Христо Матов 10.III.1872 – 10.II.1922

На Денешен ден 1922 почина Христо Матов идеолог и задграничен представник на Организацијата, по илинденското востание жесток противник на „санданистите“ Христо Матов е роден на 10 март 1872  во Струга, основно образование стекнува во родниот град а потоа продолжува со образование во Солунската машка гимназија во 1888 год.  завршил средно образование, и се вработил како учител во Струга само 2 години. Во 1893 год.завршил славјанска филологија во вишото училиште во Софија а потоа кратко учителствува во Скопје, Сер и Софија. Во 1894 година доаѓа во контакт со Даме Груев но не пристапил веднаш во Организацијата, дури после една година станал член на ТМОРО и го формира првиот месен револуционерен комитет во Скопје, каде „покрстува“ многу членови на Организацијата меѓу кој е и Тодор Александров од 1896 до 1898 Матов истапува против Српската пропаганда во Скопскиот крај по извесно време ја напуштил работата како инспектор во Скопската епархија и оди во Солун каде е интерниран во Централниот Комитет на Организацијата.
По Солунската провала 1901 год Матов заедно со другите членови на ЦК. Издржува казна затвор во Подрум кале но многу кратко само до 1902 год во август тој заедно со неколку други членови се помилувани од Султанот. Матов заедно со Татарчев се испратени во Софија како Задгранични представници на организацијата, во тоа својство Матов и Татарчев ги посетиле сите амбасадори на големите сили и агитирале за помош во предстојното востание. Матов во текот на востанието држел прес конференции во кои  информирал за текот на востанието.
По неуспешното Илинденско востание во 1905 год се одржал Рилскиот конгрес на Организацијата каде се појавиле две различни гледишта за иднината на организација од една страна Конзервативната на  Матов и Татарчев од друга страна Прогресивната на Серската група предводена од Сандански, на овој конгрес Матов , Сарафов и Гарванов се избрани за задгранични представници во 1907 година се ликвидирани Сарафов и Гарванов а Матов успева да го одбегне атентатот врз него. Во март 1908 год. Под председателство на Христо Матов бил одржан Ќустендилскиот конгрес на Организацијата на тој конгрес бил избран нов Централен комитет и нови задгранични представници во кои како задграничен представник останал да биде Матов. Во 1908 год Матов станува организатор на Сојузот на бугарски конституциони клубови во Солун.Во Првата балканска војна Матов учествува како доброволец во Македонско – одринско ополчение и е одликуван со орден за храброст Сребрен Крст со круна и за Воени заслуги со орденот Св.Александар VI степен. Во втората балканска војна формира делегација која ја обиколува европа а во Првата светска војна Матов служел во штабот на бугарската војска и заедно со Георги Баждаров го уредувале весникот „Родина“ во Скопје.По војната Матов се повлекол од политичкиот живот поради болест, (боледувал од туберкулоза) останал да пишува против санданистите, Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров итн.Последните години од животот ги поминува во сиромаштија, од страна на бугарската влада му е одбиено барањето за пензија и останува да се надева на помошта од неговиот брат и декои финансии кои ги добивал од организацијата На 10.02.1922 год  по бурниот а на крај и суров живот во Софија починува Христо Матов  
 пишува : Даниел Божиновски Христо Матов е роден на 10 март 1872  во Струга, основно образование стекнува во родниот град а потоа продолжува со образование во Солунската

Пронајдете не на следниве мрежи: