Хроничната болка на СДСМ кај македонските гласачи

Стануваат ли веќе работите во Македонија појасни? Се гледаат ли намерите? Се гледаат ли агендите? Се разбира ли ситуацијата? Сега веќе појасно се гледаат контурите на една операција која ни се одвиваше пред очи во 2015 и 2016 година.Стануваат ли веќе работите во Македонија појасни? Се гледаат ли намерите? Се гледаат ли агендите? Се разбира ли ситуацијата? Сега веќе појасно се гледаат контурите на една операција која ни се одвиваше пред очи во 2015 и 2016 година. Се гледа како еден од меѓународните „независни“ посредници станува заговорник и најавувач на федерализација на државата, како вовед кон нешто што би следувало по тоа. Истиот „независен“ посредник, со месеци и со години се претставуваше како непартиски, објективен, на еквидистанца кон сите, а заврши како поддржувач и учесник во „шарената револуција“ во која се демолираа еден куп објекти и јавен имот во македонските градови, од Прилеп и Битола, до Kрива Паланка и Скопје.Македонија секако дека сака да се приклучи кон ЕУ и НАТО. Со години напорно работиме на таа агенда, иако многупати сме биле одбиени без наша вина. Поради ЕУ и НАТО со години и децении се испраќаат македонски војници во меѓународните мисии, затоа се носат фабрики и инвестиции од САД, Германија, Велика Британија. Затоа оваа влада го потпиша договорот за стратешко сојузништво со САД во 2008 година, па го воведе англискиот јазик од прво одделение во училиштата. Затоа се усвојуваат стотици ЕУ-закони, а во училиштата се учи по Kембриџ-програми.
Истовремено, Македонија и македонските граѓани сакаат и имаат право самите да ги избираат своите влади и своите претставници, да ја прифаќаат или одбиваат платформи и понуди што го бришат македонскиот идентитет, државноста и унитарноста на оваа земја.
Стануваат појасни и агендите на еден куп исполитизирани, партизирани, употребени и злоупотребени НВО и слични платформи. Со години и со децении се претставуваа како непартиски, општи, генерални, а одеднаш станаа инкубатори и катализатори на насилства кои ги видовме во центарот на Скопје со месеци.
Стануваат очигледни понудите и агендата на СДСМ во однос на темелното редефинирање на Македонија во последниве години. Последниве два месеца таа агенда станува само поочигледна, се гледа подобро и појасно. Но, таквата агенда на СДСМ е константа со месеци и со години. На моменти успешно или неуспешно се затскриваше со разни флоскули, фрази и димни завеси, но сега маските паднаа.
СДСМ има структурен, траен, системски проблем со немањето на верба и доверба кон нив од страна на македонскиот народ. Во дури 72 години, македонскиот народ само еднаш гласал за СДСМ во 2002 година по целиот фингерај и операција од 2001 година.
Во сите други пригоди, Македонецот го одбивал, го казнувал СДСМ и неговите политики, а ВМРО-ДПМНЕ имал и има редовни победи во однос на СДСМ. Од 1990 година кога СДСМ беше поразен 38 наспроти 31 пратеник, преку 1998 година и 62 пратеници на изборите за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, преку убедливите победи на парламентарните избори во 2006, 2008, 2011, 2014 и 2016 година.
Значи, секогаш кога Македонецот има можност да гласа, тој се приклонува кон ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ едноставно не врви и не поминува, од повеќе причини. На тоа треба да се додаде дека последниве 12 – 13 години коалицијата и коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ убедливо победуваат кај Турците, Србите, Ромите, Бошњаците, Власите и другите помали етникуми. Таквиот траен хендикеп кај македонското гласачко тело, СДСМ се обидува да го компензира преку бајпасирање и заобиколување на етничките Македонци во нивната матична држава. Сега само се прави најочогледната операција на СДСМ за дефакторизација на македонскиот народ.
СДСМ му порачува на македонскиот народ дека не го интересира како гласа македонскиот народ, туку дека тие со политички и етнички инженеринг ќе најдат начин да владеат. Дека нив не ги интересира веќе волјата, ставовите и мислењата на мнозинскиот народ.
Со ваквата операција СДСМ го сведува мнозинскиот македонски народ на обичен украс, декор или икебана во својата матична држава. Македонскиот народ е тука за да биде владеено врз него, спротивно на неговата изборна и политичка волја.
Македонскиот народ СДСМ сака да биде прегласан, а македонската држава темелно да се демонтира. Атрибут по атрибут, до последниот атрибут. Институција по институција, додека не останат институции. Медиум по медиум, додека не се замолкнат сите.
И, не се избираат средства. Не се избираат начини. Не се глуми ниту процедурата ниту демократијата. Не се глуми ниту срамот и пристрасноста, од ние што требаат да бидат независни, објективни и балансирани. Се оди на ѓон. Но, народот с`повеќе ја разбира играта. Ја гледа претставата, во која што на македонскиот народ му е доделена улогата на статист во сопствената држава. Објект, а не субјект. Политички сирак, кој ќе биде прегласуван по потреба. Објект, кој ќе се моделира по потреба, наменски, како пластелин. Без ’рбет, без своја власт, без свои институции.
Затоа народот е на улица. Затоа граѓаните се излезени. Затоа што веќе длабоко се свесни за целата оваа лакрдија, за целата оваа операција.
Затоа што со право се загрижени за Македонија. Затоа што ги знаат агендите од некои платформи кои веќе не се ни кријат. Затоа што на народот не му е сеедно кога ги слуша уцените и заканите кои се упатени кон нашата држава.
Затоа што Владата треба да има легитимитет. Затоа што народот на избори треба да ја види понудата и да се произнесе за неа. Затоа што народот не гласаше за платформата на Заев и „дебатите“ кои тој ни ги најави последниве недели и месеци по изборите.
Тоа што СДСМ сега го ризикува е една голема, генерациска загуба на својот елементарен гласачки легитимитет кај македонското гласачко тело. Kако што во 2005 година СДСМ ги загуби гласовите на кичевчани и стружани најмалку за следните 20 години, сега сличен процес се случува на национално, на државно ниво.
Македонскиот народ и останатите заедници како Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи и други, секојдневно гледаат дека веќе не можат да се потпрат на СДСМ буквално за ништо. Сите го афирмираат соживотот со Албанците, како трајна гаранција за мирот и стабилноста. Истовремено, таквиот мир и стабилност не е во ред да се графи преку мајоризација на Македонците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и останатите.
Трајниот, хроничниот хендикеп на СДСМ кај македонското гласачко тело не може да се бајпасира преку негово заобиколување. Така се зголемуваат тензиите во општеството, а не се намалуваат. Не може Заев и СДСМ да настапуваат игнорантски кон својот народ, со мајоризација и без легитимитет, а да не очекуваат демократска реакција.
Продолжува борбата за македонската државност и идентитет, демократски и легитимно. Македонскиот народ сака да биде со останатите слободни народи во ЕУ и НАТО, но под исти услови. Не бараме ништо повеќе од тоа што го имаат другите, но не се согласуваме ниту на помалку. Себеси се гледаме како еднакви и слободни луѓе, приврзани кон евро-атлантските вредности, со почит кон себеси и другите, со достоинство и права како другите.
Ништо повеќе и ништо помалку. Тоа се идеали и позиции кои се легитимни, легални и поддржани. Македонците, заедно со другите, се борат за своите правдини. Тоа го пишува и во нашата химна.Стануваат ли веќе работите во Македонија појасни? Се гледаат ли намерите? Се гледаат ли агендите? Се разбира ли ситуацијата? Сега веќе појасно се г

Пронајдете не на следниве мрежи: