Хрватска негира дека продавала или донирала оружје за бунтовниците во Сирија

 Хрватска ниту продавала, ниту донирала оружје за сириските бунтовници рекле во вторникот за хрватската новинска агенција Hina од тамошното министерство за надворешни и европски работи, а иста изјава дале од министерството за одбрана, по медиумските написи дека Хрватска „тајно ги снабдува сириските бунтовници“ против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.Реномираниот американски дневен весник The New York Times во вторникот објави текст во кој се повикува на американски и западни функционер, дека Саудиска Арабија го финансира купувањето на поголеми количества вооружување за пешадија од Хрватска, со коешто потоа тајно ги снабдува сириските востаници во нивниот двегодишен обид да ја соборат власта на претседателот Башар ал-Асад.Оружјето за сириската вооружена опозиција почнало да пристигнува во декември 2012 година преку Јордан, велат за њујоршкиот весник неименуваните функционери, кои оценуваат дека токму тоа оружје било клучно за малата тактичка предност што бунтовниците ја оствариле зимово во борбата против сириската армија и милициите лојални на владата на Асад.Доставувањето на оружјето за бунтовниците зборува дека неколку влади кои се противници на алавитот Башар ал-Асад, што одамна го тврди официјален Дамаск, решиле да земат поактивна улога во судирите во Сирија кој трае веќе 24 месеци и во кој според податоците на Обединетите нации досега загинале околу 70 илјади луѓе.Весникот The New York Times пишува дека оружјето се доставува главно на вооружените групи со национална (верска сунитска) и секуларна ориентација, како и дека добавувачите на оружјето настојуваат да ги заобиколат џихадистичките групи 0кои се активни во судирите против сириската армија, поради што се загрижени западните сили и регионалните земји кои исто така сакаат да го тргнат од власта режимот на Асад кој ја има руската и иранската помош.Токму поради терористите, Западот со месеци избегнуваше да ги вооружува бунтовниците, стравувајќи дека оружјето може да падне во рацете на терористите. Тактиката се промини, бидејќи Западот сега, пак, стравува од зајакнатата улог ана џихадистите во опозицијата, а и поради тоа што востаниците ја добиле довербата од арапските и западните земји, заклучува The New York Times.Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал-Муалем изјави во понеделникот во руската престолнина Москва по средбата со рускиот колега Сергеј Лавров, во земјата војуваат платеници од 28 земји. „Тоа што се случува во Сирија претставува војна против тероризмот. Еден од ограноците на Ал Каеда ги носи главните борбени операции во Сирија и во Сирија повика милитанти од 28 држави, меѓу кои и од Чеченија”, нагласи сирискиот дипломат.Пишувањето на американскиот дневен весник се надоврзува на текстот на еден воен аналитичар кој пред неколку дена на својот блог напишал дека снимките коишто востаниците ги објавиле на интернет ресурсот за размена на видео материјали YouTube покажале дека тие се вооружени со оружје од типот што во Хрватска беше употребувано во тамошната Татковинска војна при раздружувањето од поранешната СФРЈ, односно бестрзаен топ М60, ракетни фрлачи ;М79 Оса, ракетни фрлачи РОгГ-20 и минофрлачи Милкор МГЛ/РГб-5.
Макфакс Хрватска ниту продавала, ниту донирала оружје за сириските бунтовници рекле во вторникот за хрватската новинска

Пронајдете не на следниве мрежи: