По низата летни пожари долж јадранското крајбрежје на Хрватска во изминатите неколку дена во земјата беа надминати рекордите за количеството врнежи, а за денеска е издадено црвено предупредување за реонот на градовите Госпиќ, Риека и Сплит.Според податоци на метеоролошките служби во градовите Пазин, Карловац, Пореч и Госпиќ, во изминатите денови се измерени најголеми количества врнежи од почетокот на мерењата во 1872 година. Рекорди во количества на врнежи за месец септември се забележани во регионот на Задар и на островот Раб.
Нови поројни дождови се очекуваат денеска и утре, а во Госпиќ и Огулин, кои викендов беа поплавени, метеоролозите прогнозираат над 40 милиметри дожд на квадратен метар.Според податоци на метеоролошките служби во градовите Пазин, Карловац, Пореч и Госпиќ, во изминатите денови се измерени најголеми количества врнежи