Спектакуларни промени нема во Хрватска откако пред два месеца земјата стана членка на Европската Унија. Но било рано велат аналитичарите – Вистинските промени ќе се почувствувале дури по една-две години кога земјоделците ќе добиваат пари од фондовите на ЕУ, ќе произведуваат и ќе продаваат поевтина храна, па ќе расте и животниот стандард.На бенефитите се чека но во меѓувреме, владата во Загреб ја исполни првата обврска кон ЕУ со уплата на 70 милиони евра во европскиот буџет – во Европа изгледа за земање пари се чека, но не и за давање.
Позитивни работи
– Првиот психолошки сигнал дека сме во ЕУ е тоа што нема граница, па луѓето што живеат во близина на границата со Унгарија, Словенија, Италија, Австрија им е овозможено, на пример, секој ден слободно да одат на пазарување и никој ништо да не ги прашува. Но поголеми економски индикации не гледаме – вели за „Дневник“ економскиот аналитичар Дамир Новотни.
– Освен заминувањето на некои од младите образовани Хрвати, главно лекари и инженери, во потрага по работа во Унијата, отворањето филијали на странски банки и осигурителни компании што нудат поевтини услуги, според него, е знак дека промени ќе има.
Прочитајте повеќе на mkd-news.comНа бенефитите се чека но во меѓувреме, владата во Загреб ја исполни првата обврска кон ЕУ со уплата на 70 милиони евра во европскиот буџет –