Политиколозите од Хрватска, во емисијата на хрватската радио телевизија посветена на случувањата во Македонија, застанаа во оправдување на потегот на претседателот Ѓорге Иванов да не го додели мандатот на Зоран Заев, предупредувајќи дека со албанската платформа во опасност се доведува целиот регион.Петар Поповиќ, политиколог од Факултетот за политички науки во Загреб, посочи дека Заев со прифаќањето на сеалбанската платформа ги нарушува суверенитетот и унитарноста на државата. Околу прашањето на легитимитетот, тој вели дека доколку се наруши Охридскиот договор, се делегитимира целата политичка сцена.
-Во општества како што е македонското, како што е и БиХ, силно прашање е кој го има легитимитетот бидејќи тоа се општества кои се уредени со одередени меѓународни договори. Како што во БиХ беше Дејтон, така за Македонија е Охридскиот договор и било какво отстапување од таква рамка, де-факто ја делегитимира целата политичка сцена.
Главното прашање е што Заев договорил со лидерите на Албанците по прашање на албанската платформа и исполнување на нивните барања. Албанската платформа бара многу повеќе права, буквално потполно менување на конситуцијата, и химната и знамето и јазикот, всушност Македонија да биде двојазична држава, во кој случај тоа би било дефинитивно излегување од Охридскиот договор и во тој случај сите губат легитимитет.
Така што, иако може да се смета за недемократски чекор, не смее да се потцени ниту лесно да се гледаат причините зошто Заев не го доби мандатот од претседателот Иванов, бидејќи тој отворено порача дека една од причините зошто не го дава мандатот, воедно и единствена главна причина е тоа што државниот суверенитет и интегритет на Македонија е загрозен, вели Поповиќ за ХТВ.
Политикологот Ведран Обучина од Риека пак, анализирајќи што би предизвикало реализација на ваков договор во Македонија, посочи дека е многу опасно тоа што албанските лидери одат на консултации во Тирана и дека таа го загрозува целиот регион.
-Најголемата опасност од овој договор е федерализацијата на државата, односно создавање на две федерални единици од кои една ќе биде мнозинско Македонска, а другата мнозинско Албанска. Кај оваа албанска платформа најчудно е тоа што политичките партии кои се од Македонија, кои се партии на етничките Албанци одат на консултации во соседна држава. Тоа е многу опасно, особено за Македонија бидејќи знаеме дека тие страни беа во судир.
Доколку дојде до федерализација, тогаш во еден момент може да се зборува и за сецесија за што веќе и има некои идеи кои доаѓаат дури од САД. Ќе потсетам дека потпретседателот на одборот за надворешна политика на Конгресот кој се занимава со Европа, и стана познат на македонската јавност по изјавата дека Македонија би требало да се федерализира, а потоа албанскиот дел да се придружи на Косово, а остатокот да премине во Бугарија или кон некоја друга држава, бидејќи смета дека Македонија како држава нема смисла.
Значи ако имаме таков став од страна на една моќна држава како САД, тогаш тешко е да се предвиди што гаранторите, во однос на потписниците на Охридскиот договор, ќе застапуваат тука.
Како и да е, ако би се менувале тие граници, тоа е многу опасен преседан за цел Балкан- додава Обучина за ХТВ.Петар Поповиќ, политиколог од Факултетот за политички науки во Загреб, посочи дека Заев со прифаќањето на сеалбанската платформа ги нарушува сувере