Хрватски медиуми: „Опозицијата во Македонија одбива да учествува во парламентарните избори“

За учество во парламентарните избори во Македонија листата на кандидати ја предаде само владејачката ВМРО – ДПМНЕ. Овој факт дополнително ја комплицирана комплексната политичка ситуација во земјата, а некои аналитичари сметаат дека тоа е вовед вo нови протести, а можеби и немири пренесува хрватскиот веб сајт hr.sott.net.Албанците го погазија зборот, партијата ВМРО – ДПМНЕ на Никола Груевски остана да се натпреварува со самата себе. Владејачката партија и нејзините коалициони партнери веруваат дека излегувањето на гласање го исполнува договорот од Пржино, почитувајќи го датумот на избори 5 јуни, кој беше договорен од страна на лидерите на четирите најголеми партии во Македонија.
Опозицијата ги бојкотира изборите затоа што смета дека не постојат услови тие да бидат фер и демократски. Покрај партијата која веќенеколку недели протестира пред државните институции, во бојкотот се вклучи и  најголемата албанска партија ДУИ.
Каде се доказите за тоа? Опозицијата знае дека не може да победи на изборите, затоа и се обидува по друг пат да дојде на власт?
Новинарот и аналитичар Љубиша Николовски потсетува дека политичката криза во Македонија почна токму со излегувањето на опозицијата од парламентот.
„Ако опозицијата повторно е надвор од парламентот, а треба да се напомене дека станува збор за  албанските партии, мислам дека кризата не е решена, и  дека, ако не е продлабочена, е вратена на почеток. По изборите позициите би биле исти. Неопходно е повторно да започнат преговори за да се најде решение за опозицијата и партиите на етничките Албанци да се вратат во парламентот “, вели Николовски.
Тој додава дека ситуацијата дополнително се влошува од притисокот на меѓународната заедница, кој е во пораст, за што сведочи и ненадејната посета на германскиот парламентарец неколку часа по истекот на рокот за поднесување на кандидатските листи. Ми се чини дека секогаш  е поголем притисокот на владејачката партија,вели Николовски.
„Тие не се расположени за избори во кои не се вклучени сите партии. Покрај датумот на изборите, уште една клучна точка на договорот е дека сите партии се согласуваат да излезат на гласање. Ако од четири партии, само една е решена, тогаш меѓународната заедница тешко може да поддржи такви избори. Парламентот кој другите партии не го признаваат значи дека многу наскоро по овие избори ќе се одржат нови “, вели Николовски.
Новинарот Миленко Неделковски потсетува на слична ситуација во 1994 година, кога Социјалдемократскиот сојуз остана сам во Собранието на Република Македонија бидејќи  ВМРО ги бојкотираше изборите.
„Имавме 4 мрачни години на парламент без опозиција. Со тоа што ВМРО не беше вулгарен, арогантен, насилен, радикален. Во СДСМ главна кочница на изборите се Соросовите платеници. Откажувањето на најголемата албанска партија ДУИ од изборите покажаа дека и тие се дел од силата која работи исклучиво  под раководство на Амбасадата на САД. Тие работат на off-on, моментално се вклучени на on за  да создадат што повеќе  компликации “, вели Неделковски.
Што ќе се случи по 5 јуни, што ако само владејачката партија седне на клупите на парламентот, каде тогаш ќе биде опозицијата, која е веќе на улиците?
Во мултиетничко општество како што е Македонија секогаш постои ризик од немири. На Албанските партии, како што тврдат, еден од главните приоритети им се евро-атланските интеграции. Ако Западот оваа ситуација ја искористи за понатамошно продолжување на почетокот на пристапните преговори за влез во ЕУ, можно е да се очекува понатамошно продлабочување на кризата.
Ова може да биде причина за нови демонстрации, “шарената револуција” би можела да се добие јасна боја. Од друга страна, тоа би ги  подигнало на нозе и оние кои не дозволуваат  албанското малцинство, ниту било кое друго да  одлучува за судбината на земјата, пишува hr.sott.netАлбанците го погазија зборот, партијата ВМРО – ДПМНЕ на Никола Груевски остана да се натпреварува со самата себе. Владејачката партија и нејз

Пронајдете не на следниве мрежи: