Секој може да го доживее искуството –
дури и кога не може да биде присутенHTC, глобалниот лидер во мобилни иновации и дизајн, денес објави live streaming од својата нова RE™ camera до YouTube. Сега корисниците можат лесно да го споделат моментот преку поврзување на RE camera со нивниот YouTube канал и испраќање линк за емитување во живо до гледачите низ целиот свет.
Достапна за уредите Android™ од 9 јануари преку бесплатната надградба на апликацијата RE во Google Play™ store, новата можност за live streaming им нуди на корисниците на RE не само лесно да снимаат одлично видео, туку исто така и да ги споделат своите посебни мигови и омилени настани со оние кои не се присутни. Пријателите ширум светот или отсутните членови од семејството нема да пропуштат ниедно збиднување во живо. Бесплатната надградба исто така ќе биде достапна за iOS подоцна во првиот квартал од 2015.
Широкиот агол на RE camera и нејзините мали димезнии ви гарантираат дека вие и вашата RE ништо нема да пропуштите. Со меморијата преку microSD™ картичка, покрај backup на вашиот смартфон и cloud, RE е секогаш спремна да ги фати вашите драгоцени моменти.
Опцијата за live streaming е едноставна за користење и згодна можност за да го добиете максимумот од вашето снимено видео, олеснувајќи го емитувањето на пијано концерт, нуркачка авантура, камера за надгледување на милениците и уште повеќе. Со апликацијата RE, се логирате на вашиот YouTube канал и го активирате live streaming. Штом ќе добиете потврда, емитувањето од вашата RE е моментно. Секоја снимка во живо што сакате да ја споделите се пренесува директно од RE до вашиот смартфон, кој потоа го испраќа вашето емитување до вашиот YouTube канал. Поканете ги луѓето да го гледаат вашиот настан преку испраќање на вашиот линк за емитување во живо преку SMS или преку социјалните мрежи. Дури и ако не можат да го гледаат во живо, линкот ќе продолжи да биде активен и откако емитувањето ќе заврши.
На гледачите не им треба YouTube канал за го видат емитувањето, а live streaming може да се емитува во public mode, со којшто видеата се достапни за сите што го имаат линкот или го откриле на YouTube, или во private mode, којшто го ограничува емитувањето само за тие со кои вие сте го споделиле.HTC, глобалниот лидер во мобилни иновации и дизајн, денес објави live streaming од својата нова RE™ camera до YouTube. Сега корисниците можат