HTC можеби не ужива во својата најпрофитабилна година досега, но сите жртви се направени со цел да се спушти цената и да се надминат конкурентите. Во јавноста се појавија шпекулации за еден нов модел, кој дефинитивно ќе го следиме во иднина…Уредот би ја носел ознаката HTC One (M8) Prime, алудирајќи на тоа дека станува збор за телефон кој е над сегашниот најдобар модел на тајванскиот гигант. Уредот би излегол на пазарот во септември, а главниот конкурент ќе биде iPhone 6, кој исто така би започнал да се продава тој месец.
Шпекулациите велат дека ќе добиеме телефон со огромен 5,5 инчен екран на допир со QuadHD резолуција (високи 2560 x 1440 пиксели), како и новиот Snapdragon 805 процесор кој ќе работи на 2,3GHz и RAM меморија од 3 гигабајти. Понатаму, се вели дека можеби би не очекувал еден од првите USB 3.0 приклучоци на мобилни телефони, како и простор за складирање на податоци од 16 гигабајти.
Дизајнот би останал идентичен на One моделот, со тоа што екранот би бил поголем и веројатно куќиштето би било подебело за да ја смести зголемената батерија.
повеќе на:GSM.mkУредот би ја носел ознаката HTC One (M8) Prime, алудирајќи на тоа дека станува збор за телефон кој е над сегашниот најдобар модел на тајванскиот ги