Huawei ги зголеми приходите за 23,2 проценти: Американските санкции не ја постигнаа целта

Приходите на кинескиот телекомуникациски гигант Huawei се зголемија за 23,2 проценти во првата половина од оваа година, што е поголем раст во однос пред една година.
Приходите скокнаа и покрај интензивната американска кампања против таа компанија, која од средината на мај се најде на „црната листа“ на САД.
Компанијата Huawei, која дури оваа година започна да објавува квартални резултати, соопшти дека нејзините приходи во првата половина од годинава пораснале на 401,3 милијарди јуани (58,28 милијарди долари) од 325,7 милијарди јуани пред една година.
Испораките за паметни телефони достигнаа 118 милиони единици, што е за 24 проценти повеќе од првото полугодие минатата година.
Во првата половина од минатата година, Huawei забележа раст на приходите од 15 проценти.
“Приходите брзо пораснале до мај. Со оглед на основата што ја поставивме во првата половина од годинава, ние продолжуваме со раст дури и откако сме додадени на “црната листа”. Тоа, меѓутоа, не значи дека во иднина нема да се соочиме со потешкотии”, изјави претседателот на Huawei, Ленг Хуа.
Аналитичарите велат дека силната продажба на паметни телефони на домашно ниво и новите договори со операторите за развој на мрежата 5G и помогнале на компанијата да ги неутрализира ефектите од забраните за извоз.
Huawei ланецот за снабдување значително се наруши кога официјален Вашингтон во средината на мај ја стави компанијата на ”црна листа”, наведувајќи ја како ризик за националната безбедност, бидејќи официјален Пекинг, како што е соопштено, можел да користи опрема на Huawei за шпионирање, компанијата повеќе пати негираше.
Кинеската компанија од таа дата доби привремена тримесечна лиценца, поточно до 19 август, со која е одобрено да ги одржува постојните мрежи и да обезбеди софтверски ажурирања на постојните Huawei уреди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.