Huawei ја издаде Bitcoin Wallet во App Store, претходно инсталирана во сите нови паметни телефони

Huawei Technologies Co., кинеска мултинационална компанија за комуникациски технологии, најави дека корисниците на мобилни телефони ќе бидат во можност да превземат Bitcoin Wallets на нивните нови Huawei уреди почнувајќи од петок, објави Bloomberg на 10-ти мај.
Huawei ја лансира Bitcoin Wallet на BTC.com во нивната AppGallery app store, која ќе биде претходно инсталирана на сите нови Huawei паметни телефони, според Алехандро де ла Торе, заменик претседателот на бизнис операциите во BTC.com. Тоа наводно, ќе биде првата апликација за дигитална валута понудена на уредите Huawei.
Пристапот до апликации како тие на BTC.com, во Кина е ограничен поради владата која ја има блокирано Android Google Play Store и некои делови на App Store на Apple. Додека Кинеските власти ги прекинаа криптовалутните размени и забранија initial coin offering, на луѓето сепак им е дозволено да поседуваат криптовалути. Де ла Торе изјави за Bloomberg:
“Ова е одлична можност да се приклучиме на Кинескиот пазар. Користењето на безготовински плаќања со апликации е голема работа и на традиционалниот банкарски систем му недостасува тоа, така што таму може добро да се искористат и развијат крипто плаќањата.”


Во март, беше изјавено дека Huawei планира да развие паметен телефон кој ќе поддржува децентрилизирани апликации (DApp) кои работат на блокчејн технологијата. Минатата година Huawei достави 90.9 милиони уреди на Кинескиот пазар, каде што ужива доминантен удел на пазарот од 20.4 проценти. Влијанието на Huawei на глобалниот пазар е 11.8 проценти во првата четвртина на 2018-та година. Џејми Гонзало, заменик претседателот на мобилните сервиси на Huawei, кажа во една своја изјава:
“ Од нашата лидерска позиција во Кина, главното место на мобилни плаќања, ние очекуваме да видиме масивен пораст во усвојувањето на глобалните криптовалутни навики во блиска иднина.”
Минатиот месец, Huawei објави дека лансирањето на Blockchain-as-a-service (BaaS) платформата се фокусира на паметен договор за развој, “високи перформанси, подобра достапност и високо-безбедносни услуги во блокчејн технолошките платформи за претпријатија и програмери.”
Во меѓувреме, Кина планира да објави блокчејн мерки на национално ниво до крајот на 2019-та година. Наводно посветена работна група веќе започнала со работа на проектот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.